Неотворени мејлови, лош мирис во домот - 9 работи со кои несвесно си ја влошувате анксиозноста
Ѕвонче
Навистина е важен звукот на ѕвончето од влезната врата, особено ако сте личност склона кон анксиозност.
Гласните, неочекувани и непријатни звуци можат да ви ја влошат анксиозноста, па сменете го ѕвончето ако го забележите ова.
Врева од фрижидер
И ненадејната гласна врева што може да ја направи фрижидерот може да ги активира симптомите на анксиозност, па консултирајте се со мајстор кој ќе ви каже дали може да се реши овој проблем.
Непријатен мирис во домот
Можеби непријатниот мирис нема да направи да се чувствувате анксиозно, но дефинитивно нема да се чувствувате пријатно.
Затоа, редовно празнете ја корпата за отпадоци и купете мирисливи свеќи, освежувач за воздух или нешто слично.
Непотребни садови во кујната
Со текот на годините, во кујната можат да се акумулираат многу филџани, чинии, чаши и тенџериња кои всушност никогаш не ги користиме.
Ослободете се од нив и веднаш ќе забележите дека се чувствуваат подобро.
Погрешна боја во спалната соба
Избегнувајте дречливи и многу темни бои за спалната соба.
Дајте им предност на боите со смирувачки и релаксирачки ефект, како пастелни нијанси.
Спирова С. | Црнобело