Неотворени мејлови, лош мирис во домот - 9 работи со кои несвесно си ја влошувате анксиозноста
Можеби ви звучи чудно, но ако сте склони кон анксиозност, ѕвончето на влезната врата може да ги влоши симптомите ако има многу гласен и непријатен звук.
Анксиозноста може да претставува сериозен проблем во секојдневието, а симптомите можат да се влошат и од навидум неочекувани работи, како ненадејни гласни звуци, па дури и многу известувања на телефонот.
Кои работи можат да ви ја влошат анксиозноста и да ви го расипат расположението?
Предмети од поранешни партнери
Раскинувањата никогаш не се лесни, особено кога станува збор за посериозна врска.
Па, зошто да ги чувате предметите од бившите партнери кои само ве потсетуваат на лоши работи?
Непотребни сметки и документи
Не само сметки и документи, туку и купони и ваучери со истечен рок, менија од ресторани што можете да ги најдете онлајн, влезници, билети – сето ова се работи што не ви требаат и само создаваат неред кој предизвикува анксиозност.
Безброј неотворени мејлови
На сите ни се случува да оставиме стотици неотворени мејлови, особено на приватниот мејл.
Кога, пак, ќе видите дека во сандачето имате 300, 400 или повеќе мејлови, тешко дека ќе се натерате да ги средите.
Мејловите за на работа, секако, ќе ги проверувате во работното време. Но, пробајте да одвоите неколку минути во денот за да ги исчистите пораките и од приватниот мејл.
Притоа, ако забележите дека голем дел се од апликации и веб-сајтови на кои не се ни сеќавате дека сте направиле профил, изберете ја опцијата повеќе да не добивате мејлови од нив.
Безброј нотификации на телефонот
И многуте известувања можат да го зголемат нивото на стрес, бидејќи сите изгледаат како посебни обврски.
Голема е веројатноста да добивате и нотификации од апликации кои не ги ни користите, па исклучете ја опцијата за известувања од нив за да го намалите вкупниот број.