Студенти убиле момче во 1924-та за да докажат дека имаат супериорна интелигенција – морничавата приказна за „совршеното“ злосторство на Леополд и Лоб

Полицијата пронашла пар очила за гледање во близина на телото на Боби. Тој модел на очила го имале купено само тројца луѓе во Чикаго, вклучувајќи го и Леополд. 

Што значи, на местото на „совршеното“ злосторство, Леополд оставил доказ кој води директно до него.

Леополд, но и Лоб, биле викнати на испрашување на 29-ти мај – само осум денови по убиството.

На почетокот тврделе дека биле на тоа место со две девојки, со автомобилот на Леополд, па веројатно тој таму ги изгубил очилата.

Сепак, шоферот на Леополд ѝ кажал на полицијата дека неговиот автомобил бил дома.

studenti-ubile-momche-14-za-da-dokazhat-deka-imaat-superiorna-inteligencija-mornichavata-prikazna-za-sovrshenoto-zlostorstvo-na-leopold-i-lob-12.jpgЛеополд и Лоб во судница

Лоб бил првиот кој го признал убиството, а набрзо потоа и Леополд ја признал својата вина.

И двајцата откриле дека желбата им била да го извршат „совршеното злосторство“. Леополд, пак, изјавил дека бил разочаран што убиството не направило да се чувствува поразлично или еуфорично.

Во САД, судењето на Леополд и Лоб неретко е нарекувано „судење на векот“ и го покривале повеќето американски медиуми.

Семејството на Лоб платило дури 70.000 долари (кои денес вредат околу 1 милион) за адвокат.

studenti-ubile-momche-14-za-da-dokazhat-deka-imaat-superiorna-inteligencija-mornichavata-prikazna-za-sovrshenoto-zlostorstvo-na-leopold-i-lob-03.jpgЛеополд, Лоб и нивниот адвокат во судница

Било очекувано убијците да се бранат со лудило, но адвокатот бил сигурен дека поротата ќе побара смртна казна. Па, ги советувал да признаат вина.

На 10-ти септември 1924 година, по 32 дена во судница и сослушување на над 100 сведоци, Леополд и Лоб добиле доживотна казна затвор за убиството. Тие добиле и по 99-годишна казна затвор за киднапирањето.

Леополд и Лоб најпрво се наоѓале во ист затвор и иако биле одделени, успевале да контактираат. Подоцна, во 1931-ва, Леополд бил префрлен во друг затвор, а набрзо потоа му се придружил и Лоб.

Лоб починал во јануари 1936 година, откако бил нападнат од друг затвореник со жилет. Затвореникот тврдел дека Лоб пробал да го силува, но ова не било потврдено.

Лоб имал над 50 рани на телото, а умрел кога затвореникот му го пресекол грлото.

studenti-ubile-momche-14-za-da-dokazhat-deka-imaat-superiorna-inteligencija-mornichavata-prikazna-za-sovrshenoto-zlostorstvo-na-leopold-i-lob-08.jpgЛеополд во затвор во 1931 година

По смртта на Лоб, Леополд пробал да ги подобри условите во затворот во којшто бил, и донекаде успеал - ја реорганизирал библиотеката во затворот и редовно волонтирал во болницата.

Подоцна изјавил дека сето ова го правел со надеж дека колку-толку ќе надомести за свирепото убиство.

Во 1958 година, тој издал и книга – Life Plus 99 Years (Доживотна плус 99 години) – како дел од обидите да го пуштат порано од затвор.

studenti-ubile-momche-14-za-da-dokazhat-deka-imaat-superiorna-inteligencija-mornichavata-prikazna-za-sovrshenoto-zlostorstvo-na-leopold-i-lob-06.jpgКнигата на Леополд

По 33 години, Леополд бил пуштен на слобода.

Изненадувачки, тој продолжил со добрите дела, како основање фондација со која им помагал на младите со пречки во развојот.

Тој умрел од инфаркт предизвикан од дијабетес на 29-ти август 1971 година, на 66-годишна возраст.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Се вљубив во маж онлајн – братучетка ми се криела зад профилот“: Детали за најдолгата интернет изма... Кират Аси од Лондон девет години мислела дека е во врска со доктор кој го запозн...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg