Студенти убиле момче во 1924-та за да докажат дека имаат супериорна интелигенција – морничавата приказна за „совршеното“ злосторство на Леополд и Лоб
Седум месеци студентите го развивале планот за убиството – како ќе ја киднапираат жртвата, како ќе ја убијат, како ќе се ослободат од телото и како ќе ги прикријат нивните траги.
Тие решиле дека е најпаметно да ја убијат жртвата, но потоа да го лажат семејството дека уште е жива и да бараат пари. Притоа, решиле да му даваат комплексни инструкции на семејството со цел да ги збунат детективите.
Леополд и Лоб биле убедени дека во овој план нема простор за грешка.
Извесен период тие ја барале „совршената жртва“ и заклучиле дека тоа е 14-годишниот Боби Френкс кој му бил братучед на Лоб и ги познавал и двајцата студенти.
Боби Френкс
На 21-ви мај 1924 година, Леополд изнајмил автомобил користејќи го името Мортон Д. Балард. Со Лоб влегле во автомобилот и, откако го лоцирале Боби, го убедиле да влезе внатре за да го однесат до дома.
Не е познато како точно го извршиле убиството, но наводно Лоб седел на задното седиште со длето во раката. Пред него седел Боби, па тој го удрил неколкупати по главата со длетото. Потоа му го извлекол телото на задното седиште и го задавил.
Леополд и Лоб отишле на 40 километри од Чикаго за да го скријат телото.
Му ја тргнале целата облека на Боби, а за да го скријат идентитетот на момчето, му истуриле киселина на лицето. Истуриле киселина и на неговите гениталии за да го скријат фактот дека момчето било обрежано.
Телото го скриле во голем канал за вода.
Леополд (горе) и Лоб (долу)
Во Чикаго речиси веднаш се рашириле гласините дека малиот Боби е исчезнат, по што Леополд ѝ се јавил на неговата мајка користејќи псевдоним.
Ѝ кажал дека синот ѝ е киднапиран, како и дека наскоро ќе добие инструкции за како да му даде пари во замена за неговиот живот.
Во меѓувреме, злосторниците ја изгореле облеката на Боби, како и облеката што ја носеле самите, и темелно го исчистиле автомобилот.
Следното утро, тие испратиле порака до семејството на Боби со која им кажале каде ќе ги добијат другите инструкции.
Леополд и Лоб планирале да испратат многу инструкции кои се збунувачки и без никаква цел, но само неколку денови подоцна, телото на Боби било пронајдено.
Полицијата почнала истрага и додека Лоб пробувал да биде невидлив, Леополд разговарал со полицијата, па дури им предложувал и свои теории за убиството.
Леополд (десно) и Лоб (лево)
И, можеби Леополд и Лоб не би биле фатени ако не направиле мал, но значаен пропуст.