10-те најпродавани IKEA парчиња на сите времиња (масичката што ја имаме сите дома е на 7-мо место)
6. Фотелја „Strandmon“
Оваа фотелја е од насловната страница на првиот IKEA каталог од далечната 1951 година, но потоа исчезна, а во каталогот се врати во 2012 година.
Некогаш името ѝ беше „MK“, а денес е „Strandmon“.
7. Масичката „Lack side“
Откако се придружи на IKEA семејството во 1979 година, дел е од милион домови ширум светот, како и од огромен број на домови во Македонија.
Цената ѝ е многу пристапна, лесно се монтира, а едноставноста и функционалноста никогаш не излегуваат од мода.
8. Кревет „Malm“
Неговиот дизајн, заедно со практичниот простор за складирање оддолу, го прават совршено решение за секоја детска или спална соба.
Лансиран е во 2002 година, но брзо стана едно од најпродаваните парчиња на брендот.
9. Полици „Kallax“
Функционалноста, едноставноста и практичноста на овие полици, кои може да ги користите дури и за поделба на одредена просторија, можат комплетно да ви го трансформираат домот.
Достапни се во многу големини и бои и со помош на мали детали како корпи на пример, може да им дадете уникатен изглед.
10. Шише „365+ Carafe“
Направено од стакло со плутена тапа ова шише изгледа стилски секаде и секогаш, а навистина е практично за секојдневна употреба.
Прочитајте и Внатрешноста на IKEA маса и уште 11 работи што ќе ве изненадат со изгледот
С. С. | Црнобело