10-те најпродавани IKEA парчиња на сите времиња (масичката што ја имаме сите дома е на 7-мо место)
На местото број еден е полицата за книги „Billy“ и на секои 5 секунди се продава по една таква во светот. Но, во Македонија дефинитивно најпопуларни се масичките „Lack side“, кои лесно се монтираат и се многу пристапни. Имате ли една таква дома? Некогаш чинеше околу 5 евра, сега е речиси 15 евра.
Сигурно и вие имате најмалку едно парче во домот од шведскиот гигант за мебел IKEA.
Особено популарни кај нас години наназад се масичките „Lack side“, кои се лесни за транспорт и монтажа и се навистина со пристапна цена.
Кои се 10-те најпродавани IKEA парчиња на сите времиња на светско ниво?
1. Полица за книги „Billy“
Се смета дека на секои 5 секунди се продава по една ваква полица некаде во светот. Дизајнот ѝ е идеален за вградување во секаков тип на простор и е најпродаваното парче на IKEA на сите времиња.
2. Шопинг торба „Fratka“
Иконската торба на IKEA постои повеќе од 3 децении и се смета за една од најмултифункционалните торби на светот.
Всушност, дизајнот на торбата е толку популарен што модната куќа Balenciaga направи слична верзија на неа во 2017 година и тоа со вртоглава цена.
3. Клуб масичка „Lovbacken“
Овој дизајн датира од 1956 година, има три ногарки, кои се одвртуваат и е лесна за транспортирање.
4. Фотелја „Poang“
Има класичен скандинавски дизајн и е дело на јапонски дизајнер, кој во 1970-та година отпатувал во Шведска, за да учи за скандинавскиот дизајн.
Во просек се продаваат 1.5 милиони вакви модели годишно.
5. Канче за наводнување „PS“
Не само што има добар дизајн, туку е вистинска комбинација од форма, функција, квалитет и одржливост по пристапна цена.