Ако се изгубите во природа, следете ја реката: 8 совети за безбедност кои е добро да ги знаете
Ако забележите мирис на риба во домот, веднаш повикајте електричар и исклучете ги сите електрични уреди од струја – овој мирис се јавува скоро секогаш кога има електричен спој.
Несреќите можат да се случат кога најмалку ги очекуваме, па секогаш е добро да бидеме подготвени.
Всушност, никој не ни очекува токму нему да му се случи некоја незгода, но, како што кажавме, добро е да бидете подготвени и не губите ништо со тоа.
Осум совети за безбедност кои сите треба да ги знаеме:
Немојте да пливате кога има „четвртести“ бранови
Четвртестите бранови се редок феномен, но сепак можат да се видат на многу места, како Франција.
Ако забележите вакви бранови, веднаш излезете од водата никако не пробувајте да пливате.
Кога има вакви бранови, има и силни водни струи со кои не би се справиле ни професионалните пливачи.
Немојте да ја пиете течноста од кафеав кокос
Кога не е целосно зрел, кокосот има зелена боја и тогаш е во ред да ја пиете течноста од него.
Но, кога е зрел и има кафеава боја, не е препорачливо да ја пиете течноста.
Течноста во зрелиот кокос може да содржи бактерии кои ќе ви предизвикаат проблеми со стомакот.
Ако се изгубите, следете ја реката
Ако се изгубите во природа, а во близина има река, секогаш е добро да го следите текот на реката.
Покрај реката е поверојатно е да најдете населено место, куќа, или барем луѓе кои кампуваат и кои ќе можат да ви помогнат.
Пливајте дијагонално ако се најдете во водна струја
Никако не пробувајте да ја „пресечете“ водната струја и да пливате кон брегот.
Водните струи се силни и веројатно нема да можете да излезете од неа и само ќе се изморите.
Наместо тоа, пробајте да пливате дијагонално кон брегот. Ако струјата е многу силна, пливајте во иста насока како неа и кога ќе забележите дека јачината ѝ се намалува, почнете да пливате дијагонално.
Истото важи и ако сте во брза река.