10 невообичаени бон-тон правила за јадење од земјите ширум светот
Во Етиопија е нормално некој да ве храни со рака
Во Етиопија обично се јаде без прибор и целото семејство дели една голема чинија.
На некои места има и традиција за посетители – кога во домот ќе дојде гостин, домаќинот му дава залак храна со раката.
Со ова се зајакнува врската помеѓу домаќините и гостите.
Немојте да ја мирисате или одбивате храната во Танзанија
Во Танзанија многу се цени личноста која ја готви храната, па сите внимаваат да не ја навредат.
Па, ако некој ви зготви нешто, немојте да го мирисате бидејќи со ова ќе го навредите.
Исто така, немојте да одбивате кога ќе ви понудат храна. Дури и ако не сте гладни, прифатете барем еден залак.
Во Мароко немојте да јадете со левата рака
Во Мароко има неколку правила што треба да ги следите кога станува збор за јадење.
Треба да ја користите десната рака за јадење, а притоа да ја фатите само со палецот, показалецот и средниот прст.
Левата рака користете ја само за да земете леб од масата или да подадете храна на некој друг.
Не барајте екстра кашкавал во Италија
Ние сме навикнати да ставаме цел тон кашкавал на тестенините, но во Италија нештата се многу поразлични.
По правило не ни треба да ставаме многу кашкавал на тестенините бидејќи ќе го промени вкусот.
Поради ова, во рестораните во Италија нема да ви понудат екстра кашкавал, а не е препорачливо ни да побарате.
Во Израел не треба да оставите храна во чинијата
Додека во некои земји е навреда да ја испразните чинијата, во Израел важи обратното.
Локалците сметаат дека штом сте оставиле храна во чинијата, тогаш не ви се допаднала.
Спирова С. | Црнобело