10 невообичаени бон-тон правила за јадење од земјите ширум светот
Додека во Авганистан треба да оставите храна во чинијата, во Израел ова може да се смета за навреда кон оној што ви ја послужил храната.
Навистина е неверојатно колку се разликуваат културите во земјите ширум светот. Она што е нормално во една држава, може да биде голема навреда во некоја друга.
Ова важи и за бон-тон правилата за јадење кои во некои држави се навистина невообичаени од наша перспектива.
Не значи дека сите жители на една земја строго ги следат овие правила, но интересно е што се пренесувале со генерации и некои луѓе ги почитуваат до денес.
Неколку бон-тон правила за јадење од земјите ширум светот што ќе ве изненадат:
Во Јапонија не треба да подавате храна со стапчиња за јадење
Иако во Јапонија сите користат стапчиња за јадење, никој не подава храна со нив.
Подавањето со стапчиња ги потсетува Јапонците на ритуал кој го изведуваат по смртта на некоја сакана личност.
Во Казахстан е вообичаено да ви послужат половина шолја чај
Кај нас, без разлика дали пиеме кафе, чај, сок или нешто друго, нормално е да ја наполниме целата чаша или шолја.
Но, немојте да бидете изненадени ако во Казахстан ви ја наполнат шолјата само до половина кога сте на гости.
Со ова домаќинот ви кажува дека сака да останете уште, па по потреба ќе ви ја дополнува шолјата.
Во Јужна Кореја чиниите и чашите се подаваат со двете раце
Во Јужна Кореја е неучтиво да подадете чинија или чаша со една рака.
Исто така, кога некој ќе ви ги подаде, треба да ги фатите со двете раце како знак на почит.
Во Авганистан треба да оставите храна во чинијата
Авганистанците се гостопримлив народ и секогаш им служат многу храна на гостите.
Ова значи дека секојпат кога ќе ја испразните чинијата, тие ќе ви стават храна во неа.
Па, ако сте прејадени, препорачливо е да оставите малку храна за да не ви дополнат.
Во Кина не треба да ја превртувате рибата додека ја јадете
Ако јадете риба во Кина, особено во јужниот дел, немојте да ја превртувате рибата кога ќе завршите со едната страна.
Наместо тоа, само извадете ја коската и продолжете со јадење.
Кај Кинезите, изразот „превртување на рибата“ е многу сличен со фразата „лоша среќа“, па правилото останало како суеверие.