8 чести грешки со долната облека кои можат да предизвикаат проблеми со здравјето
Постојано носите мидер
Нема ништо лошо во тоа да носите мидер, но избегнувајте да го носите често или секојдневно.
Слично како тесната долна облека, и мидерот може да предизвика низа проблеми бидејќи е многу тесен.
Препорачливо е да не го носите мидерот по цел ден, никако да не спиете со него и да не пробувате „да влезете“ во помал број.
Не ја менувате долната облека по вежбање
Не чекајте да стигнете до дома и да се истуширате кога ќе завршите со вежбање – препорачливо е веднаш да ја смените долната облека, а потоа дома да се истуширате.
Влагата од потта ја први долната облека совршена околина за развој на бактерии, па ако не ја промените веднаш, можете да си создадете многу проблеми.
Не ја менувате долната облека секој ден
Мора да ја менувате долната облека секој ден ако сакате да ги избегнете проблемите како иритации и инфекции предизвикани од бактериите.
Носите многу стара долна облека
Истрошената долна облека веројатно е и растегната, па не ви е ни точна.
Покрај тоа, ако долната облека има испуштени конци или е скината, го зголемува ризикот од иритации и инфекции.
Спирова С. | Црнобело