8 чести грешки со долната облека кои можат да предизвикаат проблеми со здравјето
Не претерувајте со прашок и омекнувач кога ја перете долната облека бидејќи можете да си предизвикате секакви иритации.
Долната облека штити навистина деликатна област на нашето тело, па важно е да бидеме свесни за најчестите грешки што ги правиме со неа.
На овој начин драстично ќе го намалиме ризикот од иритации и инфекции, па и други здравствени проблеми.
Кои се грешките што треба да ги избегнувате?
Големината е важна
Навистина е важно да купувате долна облека со точна големина.
Ако долната облека е многу тесна, може да ви предизвика низа проблеми како иритација на интимните делови и намалена циркулација.
Покрај тоа, сигурно нема да се чувствувате удобно со многу тесна долна облека.
Важен е и материјалот
Секогаш проверувајте од каков материјал е долната облека пред да ја купите.
Некои синтетички материјали не ѝ дозволуваат на кожата да дише, па можат да предизвикаат проблеми со интимната област.
Најдобро е да купувате памучна долна облека. Доколку сакате друг материјал, потрудете се да најдете долна облека на која барем делот што ги допира гениталиите е изработен од памук.
Не ја перете долната облека на високи температури
Мора да ја исперете долната облека на висока температура ако сакате да ги отстраните сите бактерии од неа.
Уште подобро ако можете да ја перете одвоено од другата облека.
Ставате многу омекнувач и прашок
Сите уживаме во пријатниот мирис на испраната облека и неретко ставаме повеќе омекнувач за да го добиеме овој пријатен мирис.
Сепак, кога станува збор за долна облека, бидете внимателни.
Ако ставите многу прашок или омекнувач, постои веројатност мал дел да остане на долната облека и потоа да ви предизвика иритација.