Секојдневни предмети кои немаат рок на траење, но треба да ги замените по некое време
Четка за коса
Дури и ако редовно ја чистите четката за коса, на неа сепак остануваат некои бактерии и нечистотии.
Со текот на времето тие се акумулираат, па ако не ја замените по околу година-две, можете да си предизвикате иритација на скалпот.
Домашни влечки
Поквалитетните домашни влечки можат да ви траат и до две години, но поевтините модели очекувајте да почнат да се трошат по само една година.
Крпи
Не треба да чекате крпата да се искине за да ја замените со нова.
Со текот на времето се намалува моќта на апсорпција на крпите, па најдобро е да ги заменувате на две-три години.
Перници
Во перниците се акумулираат многу нечистотии и бактерии, кои потоа можат да завршат на нашето лице.
Затоа, најдобро да ги користите околу две години.
Сунѓер за садови
Сунѓерот за садови има безброј бактерии поради влагата.
Поради ова, не чекајте да се искине, туку заменувајте го на еден или два месеца, а ако забележите непријатен мирис, и порано.
Спирова С. | Црнобело