Секојдневни предмети кои немаат рок на траење, но треба да ги замените по некое време

Поради влагата, сунѓерот за садови е совршено место за развој на бактерии. Затоа, би требало да го менувате на секој месец-два, па и порано ако забележите непријатен мирис.

sekojdnevni-predmeti-koi-nemaat-rok-na-traenje-no-treba-da-gi-zamenite-po-nekoe-vreme-01.jpg

Кога купуваме нешто без конкретен рок на траење, мислиме дека можеме да го користиме засекогаш.

Но сепак, со текот на времето некои предмети се трошат и би требало да ги замениме со нови.

Неколку вакви предмети во продолжение:

Патики за трчање

Ако забележите дека патиките почнале да ја губат формата или повеќе не ви се удобни како порано, време е да ги замените со нови.

„Истрошените“ патики нема да ви ја дадат потребната потпора додека трчате и можат да ви го зголемат ризикот од повреди.

sekojdnevni-predmeti-koi-nemaat-rok-na-traenje-no-treba-da-gi-zamenite-po-nekoe-vreme-02.jpg

Слушалки

Квалитетните слушалки би требало да ви траат четири до пет години.

Но, ако забележите дека се премногу валкани и не можете да ги исчистите, препорачливо е да купите нови.

sekojdnevni-predmeti-koi-nemaat-rok-na-traenje-no-treba-da-gi-zamenite-po-nekoe-vreme-03.jpg

Четки за шминкање

Четките за шминкање изгледаат како да траат вечно и оние квалитетните навистина можат да ви служат многу години.

Ако имате поевтини четки, тогаш добро би било да ги замените кога ќе забележите дека им паѓаат влакната.

sekojdnevni-predmeti-koi-nemaat-rok-na-traenje-no-treba-da-gi-zamenite-po-nekoe-vreme-04.jpg

Очила за Сонце

Кога станува збор за очила со УВ заштита, мора да знаете дека по две-три години оваа заштита се намалува.

Па, би требало да купите нов пар.

sekojdnevni-predmeti-koi-nemaat-rok-na-traenje-no-treba-da-gi-zamenite-po-nekoe-vreme-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg