Необична улична храна од целиот свет која ретко кој би се осмелил да ја проба
Печена морска ѕвезда во Кина
Ова е едно од најчудните јадења што ќе ги најдете на улиците во Кина.
Јадењето е морска ѕвезда набодена на стапче, која потоа се зачинува и се пече на скара.
„Танцувачки“ ракчиња во Тајланд
Ова е јадење што ќе го пробаат само најхрабрите. Јадењето се прави од малечки ракчиња.
Она што го прави чудно, па и вознемирувачко за многумина, е тоа што ракчињата се живи и се движат додека се јадат.
Пржени пајаци во Камбоџа
Ова е јадење познато како a-ping и е многу популарна улична храна во Камбоџа.
Станува збор за тарантули кои се пржат цели и се јадат цели.
Срце од кобра во Виетнам
На улиците во Виетнам можете да си купите срце од кобра кое неретко се продава во чашка полна со крв од змија измешана со локално вино.
Виетнамците веруваат дека змијата е афродизијак, па не е ни чудно што ова јадење е популарно кај нив.
Би пробале нешто од листата?
Спирова С. | Црнобело