„Крадат тоалет хартија од работа наместо да купат“ - Куќна помошничка на богато семејство открива чудни детали од нивниот живот
Ги поправале старите работи наместо да купат нови
„Имаа завеси кои беа искинати. Се гледаше дека се истрошени бидејќи беа многу стари. Морав рачно да ги шијам со игла и конец бидејќи не сакаа да купат нови.
Еднаш, пак, им се скрши стаклен сад и наместо да го фрлат, сопругот ги истружи острите делови за да можат да го користат“.
Воопшто не се фалеле со богатството
Жената вели дека семејството живеело многу скромно. На пример, и двајцата возеле стари, евтини автомобили.
„Сопругот одеше на работа со многу стар автомобил и воопшто не му беше грижа за тоа“.
Не трошеле ни на јахти и приватни авиони
Куќната помошничка открива дека семејството не сакало да троши пари ни на скапи хобија, а слободното време го минувале со едноставни активности.
„Сопругата сакаше да готви, па имаше многу книги за готвење. Сопругот сакаше да изработува предмети од дрво – како бироа – и правеше и за него, и за нивните пријатели“.
Драмите биле секојдневие
„Нивниот живот беше толку драматичен, што ќерка им рече дека треба да снимат филм за нив. Имаа бурни расправии, а потоа си седнуваа заедно да ручаат“.
Според жената, сосема нормално било членовите од семејството жестоко да се расправаат дури и пред неа.
Не биле воопшто дарежливи со нивните вработени
Жената вели дека дури и кога работела повеќе од што треба, не добивала награда. Всушност, во една прилика дури и ѝ ја намалиле платата бидејќи мажот сметал дека работи помалку.
Сепак, биле малку подарежливи за Божиќ и ѝ дозволувале на куќната помошничка да си земе што сака од починатата сопруга на мажот.
Речиси воопшто не биле свесни дека во светот има и луѓе без пари
„Мислам дека никогаш не се грижеа за проблемите на другите луѓе. Тоа не беше на нивниот радар. Не сакаа да си имаат работа со сиромашни луѓе. Тие не се дел од нивниот свет.
Се дружеа само со познати личности и луѓе кои имаат удобен живот како нив“.
Спирова С. | Црнобело