„Крадат тоалет хартија од работа наместо да купат“ - Куќна помошничка на богато семејство открива чудни детали од нивниот живот

Биле скржави, не трошеле пари за хобија или патувања и мислеле дека и најдобрите пријатели ќе пробаат да им украдат нешто од домот – куќна помошничка која четири години работела за ултра богато семејство открива како изгледа нивниот живот.

soprugot-kradeshe-toaletna-od-rabotnoto-mesto-kukjna-pomoshnichka-na-bogato-semejstvo-otkriva-chudni-detali-od-nivniot-zhivot-01.jpg

Ултра богатите луѓе како да живеат во друг свет и нивниот начин на живот не се ни споредува со нашиот.

Но, додека можеби преовладува мислењето дека богаташите сакаат да се расфрлаат со пари и да се фалат со она што го имаат, изгледа дека многу од нив се тотална спротивност од ова.

За BuzzFeed, куќна помошничка која четири години работела за богато семејство, го споделува нејзиното искуство.

Жената, која сакала да остане анонимна, живеела со семејството, па од „прва рака“ сведочела како изгледа животот на ултра богатите.

Таа вели дека, генерално, секојдневните обврски што ги имала биле „нормални“. Односно, таа имала задача да помага со готвењето, да пере облека, да чисти и да се грижи за миленикот на семејството.

Семејството живеело во соседство со многу милионери и сите имале свои дадилки. Тие имале и сосед кој бил актер, па во соседството редовно се појавувале и познати личности.

Секако, жената истакнува дека не значи дека сите богати луѓе се како семејството за коешто работела и таа го споделува само нејзиното искуство. 

Во продолжение најчудните детали за животот на богатото семејство:

Биле скржави

Куќната помошничка вели дека сопругот крадел хартиени бришачи за раце од работа за да не мораат да купуваат.

„Никогаш не купуваа бришачи за раце – никогаш не ги ни ставаа на шопинг листата за мене. Сопругот трупаше хартиени бришачи и тоалетна уште пред пандемијата“.

soprugot-kradeshe-toaletna-od-rabotnoto-mesto-kukjna-pomoshnichka-na-bogato-semejstvo-otkriva-chudni-detali-od-nivniot-zhivot-02.jpg

За некои работи трошеле цело богатство

„Штедеа и не трошеа многу пари, освен за храна. Кога стануваше збор за храна, ја купуваа најквалитетната.

Не одеа на одмори, не трошеа пари за уредување на домот – генерално, ги трошеа сите пари на храна“.

Помошничката вели дека сопругата била многу добар готвач, па ретко купувале храна од ресторани. Всушност, таа самата правела и леб и тестенини, па дури и храна за кучето.

soprugot-kradeshe-toaletna-od-rabotnoto-mesto-kukjna-pomoshnichka-na-bogato-semejstvo-otkriva-chudni-detali-od-nivniot-zhivot-03.jpg

Сакале да трошат и на облека

Помошничката вели дека семејството водело добра грижа за својата облека, ја чистеле само на хемиско, но самите никогаш немале стапнато во таков салон.

Имале најмено личност која ја земала облеката од нивниот дом, а потоа им ја враќала исчистена.

soprugot-kradeshe-toaletna-od-rabotnoto-mesto-kukjna-pomoshnichka-na-bogato-semejstvo-otkriva-chudni-detali-od-nivniot-zhivot-04.jpg

Помеѓу ултра богатите луѓе нема никаква доверба

Помошничката вели дека мажот и жената не верувале никому, дури ни на нивните најдобри пријатели.

На пример, кога имале гости, таа имала задача да ги следи наоколу во случај да не украдат нешто. Најчудно е што повеќето гости кои доаѓале и самите биле многу богати и веројатно не би посакале да крадат нешто.

soprugot-kradeshe-toaletna-od-rabotnoto-mesto-kukjna-pomoshnichka-na-bogato-semejstvo-otkriva-chudni-detali-od-nivniot-zhivot-05.jpg

Работењето за богаташи било исцрпувачко

„Тие доаѓаат од друг свет. Имав многу работа. Имав листа со обврски што требаше да ги завршам и ако не ги завршев како што треба, морав да станувам среде ноќ и одново да ги завршам. Секој ден, мажот шеташе низ куќата со лупа и проверуваше дали сум испуштила некоја прашинка“.

soprugot-kradeshe-toaletna-od-rabotnoto-mesto-kukjna-pomoshnichka-na-bogato-semejstvo-otkriva-chudni-detali-od-nivniot-zhivot-06.jpg

Куќните помошнички биле задолжени за буквално сите обврски во домот

Освен купувањето храна и готвењето, семејството не правело буквално ништо друго во домот.

„Секогаш имаат куќна помошничка. А бидејќи тогаш само јас работев за нив, некогаш имав многу напорни обврски, како чистење на нивниот автомобил“.

soprugot-kradeshe-toaletna-od-rabotnoto-mesto-kukjna-pomoshnichka-na-bogato-semejstvo-otkriva-chudni-detali-od-nivniot-zhivot-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg