План за убиство на принцот Џорџ и уште 7 неуспешни обиди за атентат на членовите на кралското семејство
Обид за киднапирање на принцезата Ана
Во 1974 година, еден маж пробал да ја киднапира ќерката на Елизабета – принцезата Ана.
Принцезата и нејзиниот сопруг се враќале кон Бакингемската палата, а со нив бил нивниот возач и еден телохранител.
Пред нивниот автомобил застанал друг, поради што возачот на принцезата бил принуден да застане.
Од автомобилот излегол маж кој држел пиштол и тргнал кон принцезата. Кога телохранителот сакал да го спречи, тој го застрелал во рамото.
Напаѓачот пробал да ја отвори вратата од автомобилот, додека принцезата и нејзиниот сопруг пробувале да ја држат затворена.
Додека траело ова, телохранителот влегол во автомобилот, но бил застрелан уште двапати од напаѓачот. Тогаш и возачот пробал да го нападне мажот, но тој го застрелал и него.
Напаѓачот ја отворил вратата, почнал да ја влече принцезата, додека нејзиниот сопруг ја држел.
Набрзо дошла полиција, а застанале и уште неколку мажи и сите заедно успеале да ја спасат принцезата.
Подоцна истрагата покажала дека напаѓачот имал сериозни проблеми со менталното здравје, вклучувајќи и шизофренија, па до денес е затворен во ментална установа.
Маж влегол во собата на кралицата Елизабета
Во 1982 година, маж успеал да влезе во спалната соба на кралицата Елизабета.
Според The Washington Post, станува збор за Мајкл Фаган кој тој период бил невработен. Тој влегол во собата преку прозорецот, а никој не го забележал бидејќи токму во тој момент му завршила смената на едниот телохранител и требало да дојде другиот.
Околу 10 минути кралицата смирено разговарала со Мајкл, а успеала да побара помош кога тој ја прашал дали има цигара.
Таа викнала еден од нејзините слуги со изговор да му донесе цигара на Мајкл, по што полицијата дошла и интервенирала.
Наводно, Мајкл не добил никаква казна и не е познато дали планирал да ја убие кралицата.
Кралицата речиси била застрелана од нејзин чувар
За медиумот The Times of London, пензиониран чувар на кралицата Елизабета откри дека еднаш речиси ја застрелал.
Иако ова не е обид за убиство, сепак е бизарна ситуација која вреди да се спомне.
Според чуварот, тој бил на ноќна смена, кога забележал дека некој се движи по тревникот околу палатата.
Чуварот не ја познал кралицата и речиси ја застрелал. Кога сфатил дека е Елизабета, исплашено ѝ кажал дека за малку ќе ја убиел.
Тогаш кралицата шеговито му рекла дека следниот пат ќе си понесе ѕвонче за да не ја застрела.
Маж стрелал со пиштол кон кралот Чарлс
Во 1994 година, тогашниот принц Чарлс држел говор во парк во Сиднеј.
Тогаш 23-годишниот Дејвид Канг успеал да се качи на бината, по што истрелал два куршума кон Чарлс. За среќа, станувало збор за ќор-фишеци.
Полицијата веднаш го фатила, а принцот бил тргнат од сцената и однесен на безбедно.
Подоцна Дејвид изјавил дека страдал од депресија, а сакал да го застрела Чарлс од политички причини. Не е познато зошто немал вистински куршуми.
In 1994, during an event in Sydney, an Australian protester jumped on stage with a pistol and fired two blank shots at the recently crowned King (then Prince) Charles of the United Kingdom. This was his reaction: pic.twitter.com/BUjIRISRcT
— WTF Facts (@mrwtffacts) September 13, 2022
Спирова С. | Црнобело