План за убиство на принцот Џорџ и уште 7 неуспешни обиди за атентат на членовите на кралското семејство
Во 1994 година, додека тогашниот принц Чарлс држел говор во Сиднеј, маж успеал да се качи на сцената и да истрела два куршума кон него. За среќа, куршумите биле ќор-фишеци, па тој не бил повреден. За кралицата Елизабета пак, имало повеќе обиди за атентат, но за среќа ниту еден успешен.
Како сите важни и моќни личности, и членовите на британското кралско семејство не се имуни на закани по живот, па дури и обиди за нивно убиство.
Уште поморничаво е што овие закани некогаш се насочени и кон најмалите членови на семејството, како принцот Џорџ.
Во продолжение неколку неуспешни обиди за атентат на членовите на кралското семејство:
Поддржувач на Исламската Држава планираше да го убие принцот Џорџ
Во 2017 година, Британецот Хуснаин Рашид кој ја поддржува Исламската Држава побара убиство на тогаш 4-годишниот принц Џорџ.
Тој напишал неколку пораки до другите следбеници на Исламската Држава со кои ги охрабрувал да извршуваат терористички напади. Им пратил и фотографија од принцот Џорџ, како и адресата на неговото училиште во Лондон.
Во 2018 година, Хуснаин беше уапсен и според CNN признал вина за планирање терористички напади, по што добил доживотна казна затвор.
Обид за убиство на кралицата Елизабета во Австралија
Во 1970 година, кралицата Елизабета и принцот Филип биле на кралска турнеја во Австралија. Тие патувале со воз од Сиднеј до град во Нов Јужен Велс.
Јавноста уште не знае кој го планирал убиството во Австралија, но атентаторите речиси успеале.
Имено, тие поставиле блокада на шините со цел возот да удри во нив. За среќа, обидот се покажал неуспешен само затоа што возот се движел многу бавно и не удрил доволно силно во блокадата.
Наводно, кралицата и принцот не биле свесни дека се случило ова.
Јавноста дозна за овој обид за убиство дури во 2009 година бидејќи властите во Австралија побарале од полицијата да молчи за инцидентот.
Обид за убиство на кралицата во Лондон
Според New York Post, во 2014 година четворица терористи планирале да ја убијат кралицата во Лондон, но полицијата ги спречила.
Наводно, тие планирале да ја убијат Елизабета со нож додека траела прославата за 96-тата годишнина од крајот на Првата светска војна.
Не е познато како полицајците дознале за планот на атентаторите и како ги фатиле.
Тинејџер истрелал пиштол кон кралицата
Во 1981 година 17-годишно момче истрелало пиштол кон кралицата за време на традиционалната парада по повод нејзиниот роденден.
Момчето истрелало шест куршуми, кои се покажало дека се ќор-фишеци, додека кралицата поминувала пред него на нејзиниот коњ.
Момчето било уапсено и добило 5-годишна казна затвор. Наводно, тоа планирало да ја убие кралицата, но не успеало да допре до вистински куршуми.
Според BBC, момчето изјавило дека сакало да ја убие кралицата за да стане познат.