9 типови на однесување кои (инстантно) ве прават најнекултурната личност на светот
Сметаат дека нема што да поправат кај себе
Културните луѓе секогаш знаат дека можат да работат на себе и да станат подобри луѓе, додека некултурните сметаат дека нема потреба да менуваат ништо кај себеси.
„Прифати ме таков каков што сум, немам намера да се менувам“ – е нивното мото.
Не признаваат никогаш дека згрешиле или дека не знаат нешто
Културните луѓе не се срамат да признаат дека нешто не знаат или дека згрешиле и ќе ви побараат помош за да им појасните за што зборувате, додека некултурните ќе глумат дека знаат сѐ и нема ниту да ја прифатат помошта што им се нуди.
Потоа ќе се лутат ако бидат јавно опоменети или критикувани за нивните резултати.
Многу зборуваат, а не сакаат да ве слушнат
Ви се случило некогаш да слушате некој како зборува со часови и само посакувате да замолчи.
Тука се да ви ги раскажат најновите озборувања, да ви раскажат што сѐ им се случило (до детаљ), а ако ги потсетите за нешто за што сте разговарале пред неколку дена, ќе забележите дека воопшто не слушнале што сте им зборувале.
Ги обвинуваат другите за сопствените проблеми
Културните луѓе прво ќе застанат и вината за сопствените проблеми прво ќе ја побараат во себеси. Тие се свесни дека префрлањето на вината врз другите луѓе и работи, можеби ќе им помогне да се чувствуваат подобро во моментот, но нема да ги реши проблемите.
Од хороскопот, до родителите или партнерот, некултурните луѓе секогаш имаат некој виновник за сопствените проблеми.
Б. С. Б. | Црнобело
фото: depositphotos.com/ freepik.com