9 типови на однесување кои (инстантно) ве прават најнекултурната личност на светот
Секогаш осудуваат некого без да водат сметка за туѓите чувства, немаат свое мислење, но јавно се приклучуваат во „хајката“ против други луѓе, ги обвинуваат сите за сопствените проблеми – ова се некои однесувања што прават дури и најобразованите луѓе да изгледаат некултурно.
Зборот „култура“ потекнува од латинскиот збор „cultus“ што значи „нега, гаење на нешто“, а воопшто се однесува на севкупноста на духовни и материјални вредности на човештвото.
Културата е независна од степенот на образование на поединецот. Некои луѓе може да бидат образовани, но во односот со другите луѓе да се однесуваат некултурно, а некоја необразована личност може пријатно да ве изненади со културните манири.
Кои однесувања прават луѓето да изгледаат некултурно?
Постојано осудуваат
Дали познавате некого што не може да престане да ги критикува и да ги осудува другите луѓе, без притоа да води сметка за чувствата на тие луѓе?
Обично ваквите луѓе имаат многу високи и нереални „стандарди“ што никој не може да ги задоволи, отворено ги критикуваат другите луѓе и го осудуваат нивно однесување, а ако ги запознаете подобро ќе сфатите дека и тие самите ги имаат истите мани за кои им наоѓаат забелешки на другите.
Прво говорат, а потоа мислат
Културните луѓе знаат дека зборовите може да повредат, па затоа прво добро размислуваат пред да кажат нешто и не избрзуваат со коментари.
Некултурните луѓе постојано се „фаќаат“ себеси како избрзале и кажале нешто што не го мислат.
Немаат свое мислење, туку повторуваат што им кажале другите
Тие ги прифаќаат туѓите ставови „здраво за готово“ и ги повторуваат без притоа да размислат дали тие тврдења се точни и релевантни.
Тоа најмногу се забележува во односот кон луѓето што другите ги осудуваат, па без да размислат веднаш се приклучуваат во „хајката“ и почнуваат со јавно линчување.
Ги понижуваат другите луѓе
Без разлика на финансискиот или образовниот статус културните луѓе секогаш знаат дека нема потреба да ги понижуваат другите луѓе.
Некултурните луѓе се однесуваат дрско кон хигиеничарката, келнерката или чиновничката, не затоа што сметаат дека се подобри од нив, туку затоа што не знаат поинаку да се однесуваат.
Секогаш мислат само на себе
Културните луѓе се свесни дека тие не се најталентираната, најубавата и најдобрата личност во светот и дека светот не се врти само околу нив.
Некултурните луѓе пак не размислуваат за чувствата на другите луѓе, па така ако почнете да им раскажувате за некоја непријатна случка што ви се случила, тие веднаш ќе побрзаат да ви одговорат дека „добро сте поминале, не знаете низ што поминале тие“.