Може да изеде 2 крофни одеднаш, заработува 10.000 долари од видео – Како изгледа тиктокерката со најголема уста?

Саманта Рамсдел од Конектикат стана TikTok сензација благодарение на нејзината необично голема уста. Досега таа има над 870.000 следбеници на социјалната мрежа и тврди дека сега заработува и до 10.000 долари од едно видео.

30-godishna-tiktokerka-zarabotuva-i-do-10-000-dolari-od-video-blagodarenie-na-ogromnata-usta-foto-video-01.jpg

Во минатото Саманта била мета на многу невкусни шеги поради големата уста, а ова имало лошо влијание врз нејзината самодоверба. За среќа, сега Саманта го надминала тоа, а токму со нејзиниот необичен изглед успева да заработи многу.

30-godishna-tiktokerka-zarabotuva-i-do-10-000-dolari-od-video-blagodarenie-na-ogromnata-usta-foto-video-06.jpg

30-годишната Саманта вели дека нејзината уста е широка 9,25 сантиметри. За споредба, просечната женска уста е широка околу 4 сантиметри, а личноста која го држи светскиот рекорд има уста широка 17 сантиметри.

30-godishna-tiktokerka-zarabotuva-i-do-10-000-dolari-od-video-blagodarenie-na-ogromnata-usta-foto-video-02.jpg

Саманта отсекогаш сакала да пее на Бродвеј или да биде комичар, но пандемијата ги променила нејзините планови. Затоа, се свртела кон социјалните мрежи и од почетокот на пандемијата до сега успеа да стане интернет ѕвезда.

„Прво снимав комични видеа на кои правев смешни изрази и луѓето почнуваа да ме прашуваат зошто ми е толкава устата. Па, подолжив да правам смешни видеа на таа тема“, вели Саманта.

30-godishna-tiktokerka-zarabotuva-i-do-10-000-dolari-od-video-blagodarenie-na-ogromnata-usta-foto-video-05.jpg

Едно од видеата кое најмногу влијаело на нејзината популарност е кога одговарала на прашањето „Дали големата уста ти влијае на самодовербата?“

„Одговорив со смешно видео – широко ја отворив устата и реков ’Имав проблеми со самодовербата, но сега устата е дел од мене и гордо ја покажувам‘. Тоа видео ми донесе 100.000 следбеници во август“.

Во видеата Саманта најчесто се снима додека јаде, но прави и смешни видеа каде што „главната улога“ ја има нејзината уста.

@samramsdell5

Reply to @timmydiaz05 do you guys really wanna see this ?what else should I eat?

♬ original sound - samramsdell5
@samramsdell5

Reply to @krazzy._.wizi like Celine Dion once said, “cuz that’s the way it is”

♬ original sound - samramsdell5

Саманта гостувала и во емисија за локална телевизиска програма каде што успеа да стави две големи крофни во нејзината уста.

30-godishna-tiktokerka-zarabotuva-i-do-10-000-dolari-od-video-blagodarenie-na-ogromnata-usta-foto-video-07 (2).jpg

На почетокот од TikTok кариерата Саманта не се чувствувала најпријатно поради барањата на следбениците, а некогаш се чувствувала и навредено.

„Објавувам и други видеа, но оние со устата имаат петпати поголема гледаност. Некогаш ова ме фрустрира бидејќи би сакала да привлечам внимание и со моето пеење и моите комични видеа“.

30-godishna-tiktokerka-zarabotuva-i-do-10-000-dolari-od-video-blagodarenie-na-ogromnata-usta-foto-video-03.jpg

Саманта често се соочува и со злобни коментари, но повеќе не ги ни забележува.

„Сфатив дека злобните коментари кажуваат многу повеќе за луѓето што ги пишуваат отколку за мене. Очигледно, не се чувствуваат најдобро штом одвоиле време да ме критикуваат и навредуваат мене. Па, само им посакувам сè најдобро и не се фокусирам на нив“.

30-godishna-tiktokerka-zarabotuva-i-do-10-000-dolari-od-video-blagodarenie-na-ogromnata-usta-foto-video-04.jpg

На следната страница уште видеа од Саманта...



Би можело да ве интересира:

5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
6 работи со кои несвесно си наштетуваме (а ги правиме сите) Дали имате навика да го ставате телефонот во предниот џеб од панталоните? Ако ст...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg