Меган Маркл сака да готви - какво хоби имаат членовите на британското кралско семејство?
Принцезата Беатрис сака да трча
Најстарата внука на кралицата се трка, и тоа не само поради љубовта кон спортот. Таа има трчано на многу добротворни маратони, а учествуваше и во триатлон каде што преплива 3.300 метри, возеше велосипед 140 километри и го искачи вулканот Етна.
Вилијам и Хари се поло играчи
Мажите од кралското семејство играат поло уште од владеењето на Џорџ VI, а Хари и Вилијам ја продолжуваат традицијата. И тие неретко играат во добротворни цели, а не само поради љубовта кон спортот.
Принцот Чарлс е талентиран сликар
Чарлс сака да слика со водени бои, а првата изложба ја имаше во 1977-ма. Најчесто слика пејзажи, но има направено и неколку портрети. Дел од неговите слики се продаваат на аукција, а заработените пари одат во добротворни цели.
Кралицата сака да снима
Кога ја добила првата камера од татко ѝ, Елизабета веднаш се вљубила во снимањето. Таа има направено бројни снимки и фотографии од семејството, а дел од нив беа прикажани во документарец од BBC, направен во чест на нејзиниот 90-ти роденден.
Хари вози хеликоптер
Како сите мажи од кралското семејство, и Хари има воено искуство, а е квалификуван и за летање хеликоптер. Тој служеше во Авганистан, па дури и доби награда за најдобар копилот.
Спирова С. | Црнобело