Меган Маркл сака да готви - какво хоби имаат членовите на британското кралско семејство?
Да се биде член на кралското семејство значи живот исполнет со многу обврски, но и овие луѓе имаат време за забава и по некое хоби.
Кога се настрана од окото на јавноста, и членовите на кралското семејство сакаат да уживаат во активности што им се забавни, па како и секоја личност, и тие си имаат некое свое хоби.
Во продолжение погледнете кое е омиленото хоби и кои се скриените таленти на членовите од британското кралското семејство:
Кралицата Елизабета е автомеханичар
За време на Втората светска војна, кралицата била дел од англиските трупи и помагала во поправањето на воените возила. Овој подвиг ја направи првата жена од кралското семејство која им се приклучила на вооружените сили.
Дијана била одличен пливач
Принцезата сакала нуркање и пливање уште од најрана возраст. Откако се венча со Чарлс, таа секое утро го користела базенот во Бакингемската палата. Истовремено, не се откажувала од пливањето и кога патувала и отседнувала во хотели.
Меган Маркл сака да готви
Покрај глумата, војвотката од Сасекс го сака и готвењето. Дури и кога со Хари живееја со кралското семејство и имаа цел тим готвачи, Меган многу често приготвувала храна за сите.
Кејт Мидлтон има музички талент
Војвотката од Кембриџ беше флејтистка во оркестарот на нејзиниот факултет. Во 2017-та таа имаше можност да ја покаже нејзината љубов кон музиката и накратко беше диригент за симфонискиот оркестар од Хамбург.
Истовремено, таа била одличен спортист во средно, а многу ја сака и фотографијата.
Принцезата Ен беше олимписки јавач
Единствената ќерка на Елизабета почнала да јава уште на 13 години. Во 1976-та таа стана првиот член на кралското семејство кој се натпреварувал на Олимписки игри.