Сушени глави од животни, живи крокодили: Што сѐ може да се купи низ пазарите во светот?
Пазар на кој претрчуваат тон глувци во Индија
Во многу населен дел на Делхи има огромен индиски пазар каде атмосферата ја рушат глувците што трчаат наоколу. И додека туристите се згрозени, ова е нормална глетка за локалците кои многу ги почитуваат овие животни.
Пазар на златни рипки во Хонгконг
Таму се верува дека златните рипки носат среќа и напредок и има пазар на кој се продаваат илјадници риби во различни бои и со разни шари. Таму може да најдете и желки и крокодили.
Пазарот Морони во Коморос каде е забрането сликање
Тоа е сосема обичен пазар за зеленчук и овошје, но интересно е што не смее да сликате затоа што локалците веруваат дека фотографиите им ја земаат душата.
Пазарот на вештерки во Боливија
Овој пазар е најмистичното место во Ла Паз, главниот град на Боливија. Таму се продаваат сите работи кои може да се користат во магиски вештерски обреди. Од лилјаци до магични напивки.
Пазарот за вуду предмети во Бамако, Мали
На пазарот во оваа афричка држава може да купите разни работи за магиски вуду обреди, од некои билки до сушени глави од животни.
С. С. | Црнобело