Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот

13. Почнете да поставувате долгорочни и краткорочни цели. Кога јасно ќе си ја поставите целта, многу полесно ќе направите план и многу полесно ќе стигнете до неа.

14. Будете се порано. Будењето рано не е за секого, но обидете се да го правите тоа барем во работните денови. Ќе се чувствувате многу подобро ако имате еден час за читање, медитацијата или релаксација пред да одите на работа.

15. Кажувајте ја вистината, дури и кога е тешко. Сите имаме навика да кажуваме мали лаги, но обидете се да бидете што поискрени. Лагите само ќе ви создаваат непотребни грижи и најверојатно ќе ви го расипат односот со другите.

16. Ослободете се од токсичните луѓе. Ова може да биде вистински предизвик за личност во 20-тите, но не заборавајте дека е за ваше добро. Не ви се потребни луѓе кои не се радуваат за вас и кои само ви штетат.

neprijatnite-promeni-shto-treba-da-gi-napravite-vo-20-tite-ako-sakate-ispolnet-zhivot-05.jpg

17. Научете да го прифаќате туѓото мислење. Никогаш нема да имате исто мислење со сите, и тоа е во ред. Не мора да се согласувате со другите, но покажете почит со тоа што ќе го прифатите нивното мислење.

18. Научете да бидете сочувствителни. Емпатијата е едно од најважните нешта во секоја врска, и пријателска, и романтична. Обидете се подобро да ги разбирате туѓите чувства и постапки, и гледајте ги нештата и од туѓа перспектива.

19. Држете се до вашите верувања. Дури и ако повеќето веруваат во нешто друго. Немојте да ги навредувате другите, но штом верувате во нешто, борете се за тоа.

20. Научете да кажувате „Не“. Без разлика колку блиска личност побарала нешто од вас, кога не сакате да го направите, имате право да одбиете без да чувствувате вина.

neprijatnite-promeni-shto-treba-da-gi-napravite-vo-20-tite-ako-sakate-ispolnet-zhivot-06.jpg

21. Патувајте! Нема подобар начин да научите за другите култури и животни навики. Патувањето ќе ве направи свесни за разновидноста во светот и дефинитивно ќе ве направи подобра личност.

22. Разберете и прифатете дека не сите луѓе се добри. Некогаш ќе бидете повредени дури и од најсаканите личности, па помирете се со фактот дека некои луѓе немаат добра намера и се себични.

23. Прифатете дека на некои работи не им било „пишано“ да се случат. Вие можете да планирате и до најситен детаљ, но животот е полн со неочекувани пресврти и речиси никогаш ништо не оди по план. Што побрзо го прифатите ова, толку подобро ќе се чувствувате.

24. Постојано терајте се да излезете од вашата удобна зона. Не дозволувајте си да заглавите во едно место само затоа што ви е страв. Не залудно велат дека животот се случува кога ќе излезете од вашата удобна зона.

neprijatnite-promeni-shto-treba-da-gi-napravite-vo-20-tite-ako-sakate-ispolnet-zhivot-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg