25 бонтон навики по кои ќе ја препознаете вистинската дама
Начин на изразување
- Во нејзиниот речник нема вулгарности и жаргон.
- Дури и кога сака нешто да искритикува не користи остри зборови, туку го карактеризира како „несоодветно“ на пример.
- Внимава не само што кажува, туку и како го кажува тоа, од тон до брзина на говорење.
- Не поставува непријатни прашања од типот: „Колку заработуваш?“ или „Кога планираш да се мажиш“.
- Во деловниот свет избегнува теми како политика, религија и детали од приватноста.
Говор на тело
- Знае дека ние зборуваме дури и кога не отвораме уста, односно говорат нашите гестови, поза, фацијална експресија, исто така и шминката и облеката.
- Не потонува во столчето, туку седи исправено и внимава на позата.
- Секогаш го држи грбот исправен, знае дека тоа оддава важна информација за самодовербата.
- Знае како да изгледа убаво и елегантно кога седи и знае дека колената треба да бидат допрени едно до друго.
Однесување
- Таа умее да ги контролира емоциите и културна е со персоналот во рестораните, хотелите, продавниците, такси возачите итн.
- Знае како да ја задржи насмевката на лицето, дури и кога работите не ѝ одат од рака.
- Поплаките од партнерот ќе му ги каже нему, а нема да оди и да се жали наоколу.
С. С. | Црнобело