25 бонтон навики по кои ќе ја препознаете вистинската дама
Од говорот на телото и односот со другите до начинот на облекување и однесување во ресторан, по што се истакнуваат вистинските дами?
Вистинските дами се истакнуваат по својата култура. Тие се пример за одмереност и за правење на работите на вистинскот начин.
Карактеристики по кои вистинската дама се издвојува од другите:
Облека
- Не си ја мести облеката во јавност – не ги подместува прерамките на градникот, ниту го влече здолништето.
- Носи облека која го има нејзиниот број, ниту поголема, ниту помала.
- Не ѝ се гледа долната облека, носи гаќички без рабови.
- Не заборава да ги извади ознаките од чевлите по купувањето.
На маса
- Знае дека ако има салфетка од текстил на масата треба да ја стави во скутот.
- Ако треба да стане од масата, се извинува и ја остава салфетката лево од нејзината чинија, а не на столот.
- Нема да ја крене салфетката ако ѝ падне на подот, туку ќе го замоли келнерот да ѝ донесе нова.
- Не ја брише устата со салфетката, туку нежно ги допира краевите од усните.
- Не користи чепкалка за заби на масата и не го освежува карминот, тоалетот е местото за тоа.
Очила за сонце
- Иако некои модни дизајнери не се согласни околу ова, експертите за бонтон велат дека вистинската дама не ги става очилата на глава.
- Ги симнува очилата за сонце кога влегува во соба, а исто така и надвор кога е облачно или стемнето.
- Кога ќе сретне познаник за улица прво што прави е ги вади очилата за сонце.
- Ако одлучи да ги остави очилата за сонце на очи, прво ќе го праша соговорникот дали му пречи.