10 знаци дека самите сте виновни за вашето лошо расположение (и проблемите со здравјето)

Дали се дружите со луѓе кои не ве ценат, воопшто не внимавате на исхранта и речиси никогаш не сте физички активни? Тогаш најверојатно вие самите сте одговорни и за вашето лошо расположение, и за проблемите со здравјето.

10-znaci-deka-samite-ste-vinovni-za-vasheto-losho-raspolozhenie-i-problemite-so-zdravjeto-01.jpg

Многупати луѓето не се свесни за саботажата која си ја прават на самите себе, па не им е јасно зошто не се чувствуваат добро ни физички, ни психички.

Нормално, некогаш луѓето немаат контрола над проблемите со менталното и физичкото здравје и тогаш е потребна помош од професионалец.

Но, некогаш и самите се одговорни за тоа што се чувствуваат лошо.

10 знаци кои покажуваат дека можеби самите сте одговорни за лошото расположение, но и проблемите со здравјето:

Не пиете доволно вода

Водата е вистински чудотворен еликсир. Таа ќе ви помогне да ја победите изнемоштеноста и ќе ви го поткрене расположението.

Дехидратацијата може да биде причина за бројни проблеми со здравјето.

10-znaci-deka-samite-ste-vinovni-za-vasheto-losho-raspolozhenie-i-problemite-so-zdravjeto-02.jpg

Околу вас владее хаос

Неуредното биро на работа и несредениот дом можат многу да влијаат врз вашето расположение и вашиот живот воопшто.

Хаосот прави да се чувствувате засрамено и виновно, ве дефокусира и ви создава дополнителен стрес.

10-znaci-deka-samite-ste-vinovni-za-vasheto-losho-raspolozhenie-i-problemite-so-zdravjeto-03.jpg

Не излегувате доволно на Сонце

Преку Сонцето, човечкиот организам го прима витаминот Д, но исто така го поттикнува лачењето на серотонин и мелатонин - хормони кои се одговорни за расположението и квалитетниот сон.

10-znaci-deka-samite-ste-vinovni-za-vasheto-losho-raspolozhenie-i-problemite-so-zdravjeto-04.jpg

Не се движите доволно

Доколку страдате од анксиозност и сте во поприлично стресен период, последната работа која ви паѓа на памет е да излезете надвор.

За жал, седењето дома само ќе ви одмогне, па затоа пробајте да се движите почесто.

10-znaci-deka-samite-ste-vinovni-za-vasheto-losho-raspolozhenie-i-problemite-so-zdravjeto-05.jpg

Не се забавувате доволно

Социјалната изолација може да доведе до агорафобија, депресија, болки, хроничен замор и нарушено здравје.

Сите овие проблеми можат да станат минато доколку научите како да внесете повеќе забава во вашиот живот.

10-znaci-deka-samite-ste-vinovni-za-vasheto-losho-raspolozhenie-i-problemite-so-zdravjeto-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg