Биле „покосени“ од обична настинка, плаќале со зрна какао - Факти за древните индијански племиња
Инките и Маите се меѓу најпознатите древни индијански племиња. Шпанското освојување на империјата на Инките било помогнато од граѓанската војна и од европските болести. Европската болест за која тие немале лек била денешната настинка - Факти за древните индијански племиња.
Сите знаеме за старите култури во Европа и Азија, и сите ја знаеме историјата на Римското царство, на Хеленските народи, како и кралството на Александар и Филип.
Но, колку знаете за древните Индијански племиња?
Во продолжение неколку факти за нив, што можеби не сте ги знаеле:
Кај племето „Маја“, какаото се користело како валута. Постоел систем на размена на зрна, па така, за 4 зрна какао се добивала една тиква, или за 10 зрна се добивал еден зајак.
Мажите Инки, морале да се оженат до нивната 20-та година, во случај да не го сторат тоа, ќе им се „доделела“ жена.
Инките конструирале патишта долги илјадници километри на најнепроодните места, но никогаш не го откриле тркалото.
Само благородните Ацтеки смееле да носат облека која била декорирана со пердуви.
Во некои градови кај Ацтеките, било обичај да се повикува милоста на боговите, принесувајќи жртви се додека крвта не допре до најдолната скала на жртвеникот.
За разлика од племето Маја, кај Ацтеките какаото било луксуз, па само мал дел од нив можеле да си го дозволат. Тие верувале дека преку јадење на какао се добива мудрост и сила.
Толтеците имале трговска мрежа. И покрај тоа што не биле на исто ниво како Маите, тие сепак остварувале размена со нивните блиски и далечни соседи.
Јазикот „Нахуатл“ се проширил низ многу култури и етнички заедници, па така, кога дошле Шпанците, дури и Маите зборувале „Нахуатл“ заедно со нивниот мајчин јазик.
Толтеците биле одлични скулптори и уметници кои оставиле многу интересни скулптури. Нивната цивилизација врвот го доживеала од околу 900 до 1150 година.
Неколку ископини на територијата на Маите, откриваат дека тие имале игралишта за игри со топка. Тие биле ритуално и политички значајни за културата на Маите.
Шпанското освојување на империјата на Инките било помогнато од граѓанската војна и од европските болести. Европската болест за која тие немале лек била... Денешната настинка.
Кај Ацтеките, кафето било толку свето што тие го пиеле од златни чаши кои ги фрлале после една употреба.
Поголемиот дел од важните работи поврзани со културата на Инките биле систематски уништени од страна на Шпанците, поради тоа што повеќето од тие работи биле изработени од злато.