Како да си го разубавите денот
Секој нов ден е приказна за себе. Секое утро си носи нова убавина, нов почеток. Заборавете на вчера и утре. Живејте го секој ден и уживајте во секоја секунда.
Како да го направите денешниот ден поубав?
1. Живејте во сегашноста! Уживајте во моментот каде што сте денес без да сакате да се вратите во минатото или да размислувате за иднината.
2. Ако нешто ви предизвикува болка и патење, променете ја состојбата. Цврстата желба работите да бидат поинакви може да влијае на позитивна промена.
3. Покажете им на луѓето кои ве окружуваат дека ги цените. Пофалба, било приватна или јавна, секогаш е добитна комбинација, а не ве чини ништо.
4. Разведрете се! Нема ништо поважно од ведрината која ја носи секој нов ден.
5. Простете некому за неправдата која ви ја направил. Можете да си простите и себе си’ ако не сте живееле според вредностите кои сте си ги поставиле. Простете, заборавете и продолжете напред.
6. Ослободете се од потребата секогаш да сте во право.
7. Бидете независни од мислењето на другите и преземете контрола врз вашата емоционална состојба. Никогаш не допуштајте некој друг да одредува како да се чувствувате сега или понатаму во животот!
Наш предлог кој ќе направи денес да се чувствувате поисполнети, среќни, мотивирани... кој ќе ви даде сила да продолжите понатаму и да уживате во животот: