Што ако се клонирате себеси и уште 7 прашања кои не ви дозволуваат да заспиете навечер
Што ќе се случи ако сите луѓе живеат 100 години?
Ќе има големи промени во општеството. На пример факултетите ќе треба да бидат подеднакво адаптирани за 19 годишни, но и за 80-годишни луѓе и фокусот од центарот на градот ќе се префрли во периферните населби. Ќе има повеќе реклами што ќе ги таргетираат старите лица, но консумацијата на производи нема да се зголеми затоа што 80-годишен човек не е заинтересиран за сладолед, како што е тинејџер.
Стапката на криминалот ќе се намали, бидејќи старите лица помалку го кршат законот. Одгледувањето на децата нема да биде централно прашање и ќе се зголеми самореализацијата на луѓето поради долгиот животен век.
Што ќе му се случи на вашето тело ако живеете на Марс?
Дефинитивно животот на Марс нема да го подобри вашето здравје. Поради намалената гравитација квантитетот на еритроцитите во крвта ќе ви се намали и имунитетот ќе ви се влоши.
Поради радијацијата шансите за појава на смртоносен рак ќе ви бидат за 10% поголеми. Крвниот притисок ќе ви биде зголемен, функцијата на тироидната жлезда намалена и ќе имате оштетување на белите дробови.
Што ќе ви се случи ако се клонирате себеси?
Спротивно на претпоставките, клонот нема да изгледа сосема идентично како вас. Не е како што е прикажано филмовите, изгледот не зависи само од гените, туку врз него има влијание и околината во која расте единката.
Исто така, клонот може да има комплетно поинаков карактер, затоа што врз него ќе влијаат искуствата и начинот на кој е одгледан. За жал, најверојатно нема да има одлично здравје затоа што многу од клонираните животни имаат проблеми со мозокот, срцето и други органи.
Што ќе ви се случи ако можете да трчате со брзина на светлината?
За вас светот ќе изгледа како еден долг темен тунел. Ѕвездите пред вас ќе ви изгледаат сини, а зад вас - црвени.
По постигнувањето на одредена брзина ќе гледате само темнина, затоа што брановата должина на светлината што ви доаѓа до очите ќе ви биде надвор од видливиот спектар.
С. С. | Црнобело