Што ако се клонирате себеси и уште 7 прашања кои не ви дозволуваат да заспиете навечер

Што ќе се случи ако не се бањате цела година или ако имате способност да трчате со брзина на светлината?

shto-ako-se-klonirate-sebesi-i-ushte-7-prashanja-koi-ne-vi-dozvoluvaat-da-zaspiete-navecer-01.jpg

Дали некогаш во ноќите ве мачат некое прашања за светот и најразлични ситуации за кои не можете да пронајдете одговор?

Што ќе се случи ако Земјата престане да се врти или пак ако не кажете ниту збор цела година?:

Одговори на 8 интригантни прашања:

Што ќе се случи ако молчите цела година?

Нема да имате некоја голема штета. Ниту ќе заборавите да зборувате, ниту вашите фацијални мускули ќе атрофираат, затоа што тие ќе работат секој ден кога ќе јадете, пиете, ќе ги четкате забите и ќе се смеете.

По ваквиот експеримент, можно е да имате мали проблеми со контролата на гласот, но гласните жици нема да ви бидат оштетени.

shto-ako-se-klonirate-sebesi-i-ushte-7-prashanja-koi-ne-vi-dozvoluvaat-da-zaspiete-navecer-02.jpg

Што ќе се случи ако не се бањате цела година?

На вашето тело ќе има акумулирано многу бактерии и мртва кожа и ќе мирисате непријатно, сè ќе ве чеша, ќе имате пликови, рани, првут и ризикот од инфекции ќе се зголеми и при најмала исекотина.

Кога по една година ќе почнете да се капете, на вашето тело ќе му бидат потребни неколку седмици за да се врати во нормала.

shto-ako-se-klonirate-sebesi-i-ushte-7-prashanja-koi-ne-vi-dozvoluvaat-da-zaspiete-navecer-09.jpg

Што ќе се случи ако Земјата сопре со ротирање?

Земјата ротира со брзина од 1.600 км/ч и ако сопре ќе се случи огромна катастрофа. Згради, дрвја, автомобили, сè ќе лета кон исток и ветровите ќе дуваат со огромна сила.

Ќе има цунами, земјотреси, ерупции на вулкани и разбеснети океани кои ќе уништуваат сè пред себе, човештвото го чека вистинска апокалипса. Ќе владее темнината на делови од Земјата и тешко дека некој човек ќе преживее.

shto-ako-se-klonirate-sebesi-i-ushte-7-prashanja-koi-ne-vi-dozvoluvaat-da-zaspiete-navecer-08.jpg

Што ќе се случи ако Google престане да работи 30 минути?

Во август 2013 година Google престана да работи 5 минути и во тој период интернет сообраќајот падна низ целиот свет за 40%, па 30-минутна пауза би предизвикала огромни проблеми.

Ќе има огромни загуби и тоа не само за Google, туку и за многу компании низ светот. Ќе се зголеми бројот на повици и СМС пораки и интернет сообраќајот на другите машини за пребарување.

shto-ako-se-klonirate-sebesi-i-ushte-7-prashanja-koi-ne-vi-dozvoluvaat-da-zaspiete-navecer-07.jpg

Уште 4 прашања на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Колку плата земаш? Бремена ли си? - 6 прашања кои учтивите луѓе никогаш не ги поставуваат Луѓето не се чувствуваат пријатно кога некој им ги поставува овие прашања. Лу...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg