9 уникатни работи кои се можни само во Скандинавија
Во Исланд може да сретнете невообичаени семафори
Исланд е прекрасна земја сама по себе, но исто така и на невообичаен начин им го разубавува денот на минувачите низ улиците.
Љубовта и позитивните вибрации се прикажани дури и на семафорите.
Во Исланд постои идеално место за оние кои сакаат тишина и осаменост
За оние на кои им е смачено од динамичниот начин на живот и секојдневните повици и мејлови, во Исланд постои место каде ќе се релаксираат од бучавата – островот Елида во Вестманејар.
Во Исланд, во градот Исафјердир постои 3Д пешачки премин
Вакви пешачки премини ни се потребни на сите земји – така веројатно повеќе ќе се почитуваат сообраќајните правила и ќе се вози побавно.
Во Финска секоја година се одржува првенство на носење жени
Во градот Sonkajärvi, секоја година во јули се одржува натпревар каде мажите се тркаат носејќи ги сопругите на грб.
Според правилата, жената мора да има над 17 години и да има најмалку 49 kg.
Причината заради која мажите го прават ова е наградата – количина на пиво еднаква на килажата на жената.
Во Финска, кога докторите на науки добиваат диплома, добиваат и меч
За време на докторатот во Финска, секој докторанд се подложува на обред – се става посебна капа на главата и земаат вистински меч во рацете.
Тоа симболизира дека новиот доктор на науки е подготвен да ја брани вистината, знаењето и доброто.
М. М. | Црнобело