9 уникатни работи кои се можни само во Скандинавија
Скандинавските земји се навистина прекрасни и животот таму е пример за совршен живот, а ретко кој не сака барем да ги посети заради нивните убавини.
Но, сепак, има многу работи кои не ги знаеме за овие земји, како што беа фактите за Исланд, заради кои важи за најкул земја во светот.
Очигледно, не е само Исланд, туку цела Скандинавија е карактеристична по некои чудни работи кои на друго место не може да се видат.
Зошто скандинавските земји се толку уникатни и што ги прави такви, погледнете во продолжение:
Во Данска, ако сте сами на 25-иот роденден, ќе ве испрскаат со цимет
Пријателите насекаде се грижат еден за друг, но во Данска, постои интересна традиција.
Ако немате партнер додека да наполните 25 години, тогаш на роденденот, пријателите ве прскаат со цимет.
Циметот е јак зачин, па после тоа, „жртвата“ уште долго ќе шири слатки ароми, а тој мирис ќе биде сигнал за другите слободни луѓе.
Традицијата потекнува од многу одамна, кога продавачите на зачини биле многу зафатени, па немале време порано да се венчаат, а мирисот на зачин бил знак дека се слободни.
Во Данска, може да се бакнувате на аеродром не повеќе од 3 минути
Аеродромот во еден дански град е познат по специјалниот знак на кој пишува „Бакнеж и збогување. Нема бакнежи подолги од 3 минути!“.
Ова е направено за паровите кои знаат долго да се збогуваат и притоа прават гужва.
Во Шведска има знак за модерното општество за поголема внимателност
Во скандинавските земји е вообичаено измислувањето на чудни патни знаци. Па, во Стокхолм, може да видите знак кој предупредува да бидете внимателни бидејќи постои опасност од луѓе кои зјапаат во телефон.
Ова сепак не е иницијатива на градот, туку на уметник кој сака да привлече внимание кон проблемот за зависност од телефони.
Во шведскиот град Малме, мора да гледате внимателно каде газите
Креативна група од Шведска, создала вистински мини свет за глувчињата низ улиците, така што изградиле продавници и пекари најдолу на зградите.