Очигледни знаци дека поминувате низ животна криза и треба да промените нешто
Психолозите долго време зборуваат за тоа дека кризата која се појавува во животот не е проблем, туку фаза на личен развој, момент кога е потребно да направите нов чекор во животот.
Но, тоа не значи дека знаците за криза се депресија и тага и тие не се секогаш негативни.
Кризата може да се појави како резултат на промена во условите на живот, или критични моменти како завршување на студии, почнување нова работа, брак, раѓање дете, селење или пензија.
Сите овие промени се пропратени со по некои потешкотии и тоа ни создава тензија. Но, кога ќе забележите дека сте во таков период, значи дека треба да промените нешто за да можете да го направите следниот чекот.
Понекогаш, можеби и не сте свесни за тоа, но затоа, обрнете внимание на следниве знаци:
Спиете повеќе или помалку од претходно
Кризата секогаш предизвикува стрес кај човекот, а тоа влијае и на промените во сонот. Понекогаш, нема да може да се разбудите до пладне, или пак, нема да можете да заспиете до утринските часови.
Се споредувате со други, поуспешни луѓе
Можеби и не живеете толку лош живот, но кога поминувате низ криза, сте поранливи и се чувствувате многу неуспешно, па можно е да се појави завист или споредување со други успешни личности или кои живеат навидум подобар живот.
Тешко ви е да се фокусирате на она што до неодамна ви било лесно
Вниманието и концентрацијата функционираат добро само кога човекот е релаксиран и уверен.
Ако постојано се мачи со непотребни чувства, почнува работата да станува многу потешка, концентрацијата паѓа, иако истото претходно можеби ви било интересно и возбудливо.
Посакувате да оставите сè и да си заминете некаде далеку
Големите промени во животот кои носат тешки одлуки, препреки и стрес најчесто влијаат негативно на луѓето и во одреден момент на криза, тие посакуваат да остават сè и да побегнат од реалноста.
Расположението ви се менува брзо и драматично
За време на криза, работата на нервниот систем и на хормоните се менува. Ова влијае на нашето расположение кое многу брзо се менува драстично.
Купувате облека многу почесто од порано
Во кризни моменти од животот, луѓето најчесто сакаат да се задоволуваат себеси со нешто, што ги оддалечува од реалноста и прави да уживаат барем малку во животот.
Не сакате да готвите
Ако претходно со задоволство сте влегувале во кујната за да зготвите нешто вкусно, сега може да покажете револт и да не сакате повеќе да ја делите храната со никого.
Често сте носталгични
Во тешки моменти, навраќањето на минатото може да влијае негативно, бидејќи го преценувате истото и мислите дека тогаш било многу подобро од сега.