Не, не сте вие најдобриот возач: 12 ставови што ви штетат
Го помниме само најдоброто за себе – Помниме кога сме биле во право, кога нè пофалиле, кога сме извојувале победа, но ги бришеме од меморијата миговите кога сме добиле негативна критика.
Мислиме дека ќе бидеме поинакви во иднина – Кога размислуваме за самите себе во иднина пред очите имаме странец, кој нема ништо заедничко со тоа што сме денес, покажуваат истражувањата.
Сметаме дека сме непобедливи – Често не ги следиме инструкциите за безбедност и се изложуваме на непотребни ризици.
Сигурни сме во позитивниот резултат – Замка е да веруваме дека сигурно ќе победиме наредниот пат, ако еднаш нè послужи среќата, не значи дека тоа секогаш ќе биде така.
Ги перципираме само лошите вести – Ги гледаме лошите вести како нешто важно затоа што на добрите вести гледаме со доза сомнеж и тие не ни се доволно забавни.
Чувство на супериорност – Сигурно вие верувате дека сте најдобриот возач на улиците во вашиот град и најдобриот вработен во компанијата. Често ги преценуваме нашите вештини.
С. С. | Црнобело