Психолошки правила за сите на кои им недостасува хармонија во животот

Ако сакате да го дознаете вашиот најголем непријател, погледнете се во огледало

Многумина прво почнуваат да се борат со своите непријатели, но всушност прво треба да се изборат со себе.

Главниот непријател секогаш лежи во нас. Невозможно е да излезете од бесконечниот круг на неволји и проблеми без да ги отстраните внатрешните бариери кои го спречуваат нашиот раст и развој како личност.

Кога ќе бидете подготвени да се соочите со себеси и да ги надминете сите пречки, на светот нема да постои ваш непријател.

psiholoshki-pravila-za-zhivot-za-site-na-koi-im-nedostasuva-harmonija-vo-nego-05.jpg

Кога човек нема цел, не гледа ништо. Целта го изострува видот

Дали некогаш сте забележале дека дури и кога посакувате најобичен предмет, почнувате да го гледате насекаде без да го барате – во продавници, на телевизија, во реклами, на билборди.

Дури и кога ќе престане да ви треба, продолжувате да го забележувате на места кои немаат никаква врска со тоа.

Ова важи за сите цели. Кога си поставувате цел, се стремите кон остварување и на секој можен начин барате пат по кој ќе стигнете до неа.

Вниманието е ограничена работа – го гледате само она што ви е потребно и што сакате да го видите.

psiholoshki-pravila-za-zhivot-za-site-na-koi-im-nedostasuva-harmonija-vo-nego-06.jpg

Ако сакате некому да докажете нешто, значи дека живеете за туѓото мислење

Ако сакате да бидете среќни, престанете да докажувате дека сте во право. Зошто ви е потребно постојано да им се докажувате на другите и да им го менувате мислењето?

Излегува дека туѓото мислење ви е поважно од сопственото ако толку многу вложувате напор за тоа.

Но, ако живеете за себеси, нема поента да докажувате ништо никому и да се грижите за нивното мислење.

Способноста да сакате и да толерирате осаменост е индикатор за духовна зрелост

Духовно созреана личност ја користи осаменоста за личен развој и собира информации и искуства кои понатаму може да ги искористи и да ги сподели со друга личност.

Треба да знаете понекогаш како да живеете сами со себе, да ја толерирате осаменоста, па дури и да ја сакате во одреден период од животот, без да зависите од никого.

psiholoshki-pravila-za-zhivot-za-site-na-koi-im-nedostasuva-harmonija-vo-nego-07.jpg

Среќата лежи во фактот дека „Јас сакам/можам/морам“ имаат исто значење

Луѓето често се соочуваат со избор помеѓу три насоки: Морам, но не сакам/Сакам, но не можам и сл.

Но, главното лежи во фактот дека нашите желби се поклопуваат со нашите можности. Тоа што се мора, задолжително е регулирано од она што ви треба (развој). А, тоа што можете, е силата која го помага и турка процесот.

Совет: Направете листа во сите три полиња и потоа направете ги работите чии вредности се совпаѓаат.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
6 психолошки трикови за полесно да ги разберете луѓето „Ако некој се лути заради глупости, тоа значи дека му е потребна љубов“. Прочита...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg