Психолошки правила за сите на кои им недостасува хармонија во животот
Многу често сме спречени да ги надминеме психолошките бариери заради погрешните верувања и генерално, малата свест.
За да се избега од магичниот круг, многумина читаат книги, научни текстови и совети од професионалци.
Познат психијатар во својата книга ги открива главните психолошки пречки кои според него водат до среќен и здрав живот.
Погледнете кои се тие и имајте ги на ум секогаш следниве животни правила:
Среќата е ненамерен ефект од соодветно организиран живот
Среќата, радоста, успехот, според професионалците е само секундарен резултат на добро организирана активност. Активност која ви ги носи сите овие емоции.
Оние кои си поставиле цел да ги достигнат горенаведените „секундарни резултати“, колку повеќе се приближуваат до нив, целите толку повеќе се оддалечуваат.
При комуникација, запомнете дека секој има свое мислење, како вие ваше
Никогаш не заборавајте дека личноста со која комуницирате , исто како и вас, е личност која има свои мислења, интереси и причини за нив.
Секој кој ќе ви се најде на патот, има свои борби и предизвици за кои вие не знаете ништо.
Затоа, запомнете дека секој има свое „јас“ и не преминувајте ничии граници.
Ако сакате да си помогнете, мора да направите нешто
За ова постои и посебна фраза – „празни разговори“. Колку често сте зборувале за нешто колку сакате да го постигнете, но никогаш не сте почнале да го реализирате?
Сакате да имате повеќе пари, сакате подобра работа, нов стан или автомобил, а не преземате ништо, туку само велите дека го сакате.
Не се доволни само празните зборови во кои никој не може да ве поддржи ниту да ви помогне. Почнете од некаде.
Кога ќе станете успешни, сите незадоволства магично ќе исчезнат
Многу поплаки и лоши чувства за себе се формираат заради внатрешната неисполнетост.
Понекогаш чувствуваме непријатност и мислите дека ситуацијата може да се отстрани само од лицето кое го нанело тоа чувство.
Но, механизмот функционира поинаку. Почнете да го правите тоа што сакате и да достигнувате нови висини. Успехот ќе ги задуши вашите незадоволства и поплаки кои магично ќе исчезнат.