Лепенки за брадавици за мажи: Најчудните навики на луѓето во Северна Кореја
Мажите ги бричат нозете затоа што ова им изгледа привлечно на жените, а паровите неретко се облекуваат идентично.
Животот во различните земји во светот е различен, но веќе добро е познато дека Северна Кореја е дефинитивно најуникатната држава на светот.
Таму не важат некои правила како во останатиот дел од светот.
Уникатни навики на жителите на Северна Кореја:
Веб страни
Најпопуларни веб страни се оние со стрипови. Ново поглавје, по правило, се објавува еднаш во седмицата.
Од најмлади до најстари, сите обожаваат стрипови.
Лепенки за брадавици за мажи
Мажите во Северна Кореја се многу чувствителни за нивниот изглед.
Тие често користат лепенки за брадавици за да не им се гледаат брадавиците кога носат тенка маичка или транспарентна кошула.
Учење до истоштување
Ова на фотографијата е распоред на часови за тинејџери на возраст од 16 до 19 години.
Прифатливо е да се учи од утро до мрак, па неретко учениците бараат мали паузи од часовите за да го измијат лицето затоа што им се случува да заспијат од умор.
Изолација од останатиот дел од светот
Тие знаат малку за другите земји и нивните култури. Имињата на некои светски легендарни музичари или актери нив не им значат ништо.
Тие немаат слушнато за Хари Потер или филмот „Титаник“. Концентрирани се само на својата култура.
Тематски вагони во метрото
Во оваа земја меѓу многуте уникатни работи се и тематските вагони во метрото.
Тие може да се посветени на некој лик од анимиран филм.
Парови со идентичен стајлинг
Љубовните парови често се облекуваат идентично. Иако ова може да се види во сите земји понекогаш, во Северна Кореја е редовна практика.