Едноставна техника како да го запомните името на новиот познаник

Името на новата личност во вашиот живот поврзете го со нешто интересно и смешно за вас, без разлика колку тоа би звучело апсурдно за останатите.

ednostavna-tehnika-kako-da-go-zapomnite-imeto-na-noviot-poznanik-01.jpg

Колку пати ви се случило да се најдете во друштво на нова личност, да се запознаете и само неколку минути подоцна да не можете да се сетите на неговото име?

Тој се ракува со вас, ви го кажува јасно и гласно, но вие едноставно ја немате оваа информација во мозокот.

За нареден пат да не се срамите и да се колебате како да му се обратите на новиот познаник потребна ви е техника на помнење.

Во тоа ќе ви помогнат 5 златни правила:

Првата работа што ќе ви падне на ум

Кога барате асоцијација со нечие име не размислувајте премногу, туку изберете го првото нешто што ќе ви падне на ум.

Без разлика дали е со инсект или некое место, конекцијата на името со асоцијацијата ќе функционира одлично ако сте асоцирале со нешто лесно и едноставно.

ednostavna-tehnika-kako-da-go-zapomnite-imeto-na-noviot-poznanik-02.jpg

Вие сте херој на асоцијациите

Асоцијацијата треба да биде поврзана со вас, нешто што ви се случило вам и вам ви е од голем интерес, така полесно ќе запомните.

Ако читате за некоја историска битка и се замислите себеси како херој на истата, тогаш дефинитивно ќе ги запомните фактите поврзани со неа. Па, така името на новиот познаник можете да го поврзете со името на некоја личност што ви е значајна во животот како сестра, партнер, родител или пак со име на личност од историјата што ви е интересна.

ednostavna-tehnika-kako-da-go-zapomnite-imeto-na-noviot-poznanik-03.jpg

Асоцирајте со чувства

Сликите што ги правите во главата кога асоцирате треба да бидат големи, светли со многу детали. Вклучете ги сите чувства за да ја визуализирате сликата најдобро што можете.

Чувствувајте мириси, допири, помнете детали... На тој начин името на новиот познаник нема никогаш да го заборавите.

ednostavna-tehnika-kako-da-go-zapomnite-imeto-na-noviot-poznanik-04.jpg

Размислувајте нелогички и апсурдно

Кој ќе запомните подобро во толпа – девојката во фармерки или девојката со жолт капут? Се разбира, втората.

Вашето внимание го привлекуваат необични работи, па така името на новиот познаник поврзете го со нешто такво. Асоцирајте си со нешто нелогично и апсурдно, но впечатливо за вас.

ednostavna-tehnika-kako-da-go-zapomnite-imeto-na-noviot-poznanik-05.jpg

Асоцијацијата треба да биде забавна

Нашата психа со текот на времето ги потиснува непријатните емоции, а ги зачувува пријатните. Смеата ќе ви ја подобри меморијата, па затоа кога ќе запознаете нова личност замислете нешто забавно со неа. Можеби како се сопнува и паѓа или пак како вози велосипед на едно тркало.

Таа забавна асоцијација секогаш ќе ви биде на ум, нема да ја заборавите оваа личност и наредниот пат кога ќе ја сретнете ќе ве преплават позитивни емоции.

ednostavna-tehnika-kako-da-go-zapomnite-imeto-na-noviot-poznanik-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
За вашите принцови и принцези: Кралски имиња кои се популарни и во Македонија Елизабета, Дијана, Александар... Кои имиња со кралско значење се популарни кај н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg