Присуствуваат на егзекуции, активни се во политика: Факти за детството во Северна Кореја
Егзекуции
Децата присуствуваат на јавни егзекуции. Ова трауматско искуство се смета за нормално, па дури и неопходно според мал дел од граѓаните на Северна Кореја.
Детски труд
Децата мораат да работат тешка работа. Тие сечат, дрвја, носат камења и работат на градилишта. Неуспехот се казнува.
Забава
Во продавниците во Северна Кореја ќе пронајдете и кукли и зајчиња, но најголемиот дел од играчките се тенкови, хеликоптери и пушки. Се верува дека ваквите играчки ги едуцираат малите Корејци во патриотски дух.
Децата своето слободно време го минуваат во т.н. кругови на интереси. На пример во центарот на Пјонгјанг има Palace of Schoolchildren, каде се учи литература, музика, цртање, спортови итн.
Најверојатно оттука потекнуваат учесниците на најголемиот севернокорејски фестивал „Ariran“. Истото се прави и во склоп на училиштата.
Забава за децата има, но само ако имате пари. Тогаш децата одат на кино, во зоолошка градина, аквариум и забавни паркови. Но, ако немате пари децата немаат пристап до ова и им останува да гледаат цртани филмови на телевизија и тоа најчесто само од корејска продукција. Често се одржуваат и фестивали за децата со музика и силни бои.
Генерално гледано, детството во Северна Кореја останува детство, само не толку безгрижно како во другите делови на светот.
С. С. | Црнобело