Присуствуваат на егзекуции, активни се во политика: Факти за детството во Северна Кореја
Детството на децата од Северна Кореја во голема мерка се разликува од она на децата во Македонија и останатиот дел од светот.
Секојдневниот живот во Северна Кореја како да се крие зад затворени врати, но од време навреме можеме да видиме како изгледа тоа преку фотографии што протекуваат оттаму.
Но, како живеат најмалите во оваа изолирана земја? Колку нивниот живот се разликува од оној на останатите деца родени во другите делови на светот, меѓу кои и Македонија?
Интересни факти за детството во најзатворената држава на светот:
Статус
Првата работа што ја добива новороденчето е социјалниот статус т.н. sonbun. Државата веднаш класифицира каков дел од популацијата е детето.
Социјалниот статус се пренесува од таткото на детето и одредува каде детето ќе учи, на кој универзитет ќе се запише и дали ќе стане член на партијата.
Образование
Образованието започнува уште од градинка. На барање на родителите децата одат во градинка од 4 години, инаку според образовната програма се започнува од 5.
Сиропиталишта
Има деца во сиропиталиштата кои имаат родители. Тоа најчесто се случува затоа што младите парови не можат да обезбедат материјална поддршка за детето.
Образовна програма
Учениците учат биографија за лидерите на државата и руски јазик. Има посебни часови посветени на славење на ликот и делото на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.
Учат и англиски јазик, но на пониско ниво поради одбивноста кон книгите од странство.
Политика
На 10-годишна возраст сите ученици, без исклучок, се придружуваат на Union of Korean Children и оттогаш започнуваат да присуствуваат на политички и идеолошки состаноци.
Идеолошка пропаганда има насекаде. Во ходниците во училиштата има пропагандни постери, во учебниците има патриотски слогани.
На претставите децата се појавуваат во сцени со политички призвук, а имаат и паради на кои маршираат облечени во воена униформа.