Дали обична личност може да слета авион? Одговорени најчестите прашања на патниците во авионите

Дали авионот може да слета со опцијата автопилот?

Во модерните авиони, контролните системи може да го спуштат авионот од 300 метри висина, па речиси до целосно слетување на пистата.

Слетувањето може да биде со автопилот, но сепак пилотот мора да ја активира оваа опција и да ја надгледува, поставувајќи одредени упатства за слетувањето.

dali-obichna-lichnost-moze-da-prizemji-avion-odgovoreni-najchestite-prashanja-na-patnicite-vo-avionite-07.jpg

Итно слетување на земја или вода, кое е побезбедно?

Зависи од моделот на авионот, но во повеќето случаи полесно е на земја. Водата не само што брзо ќе го поплави авионот, но и поради нејзината густина може да биде „потврда“ подлога за слетување.

Според статистиките при итни слетувања на земја има поголема шанса за преживување.

dali-obichna-lichnost-moze-da-prizemji-avion-odgovoreni-najchestite-prashanja-na-patnicite-vo-avionite-08.jpg

Како јадат пилотите за време на лет?

За пилотите постои специјално мени со неколку јадења од кои може да бираат. Ако првиот пилот сака пилешко на пример, вториот пилот ќе мора да јаде риба или друг тип на месо. Ова е најдобар начин за да се избегне труење од исти продукти.

Пилотите јадат зад кормилото на специјални маси. Но, во некои авиокомпании правилото пилотите да не јадат иста храна не се почитува.

dali-obichna-lichnost-moze-da-prizemji-avion-odgovoreni-najchestite-prashanja-na-patnicite-vo-avionite-09.jpg

Што е пострашно судир со птица, град или удар од молња?

Молњи често ги погодуваат авионите, но патниците не ни забележуваат во најголем дел од случаите. Понекогаш се случува проблем со електрониката, но со следење на куси инструкции пилотите го враќаат авионот во нормала.

Птиците се пострашни од што изгледаат. Поради влегување во турбините можни се дефекти со моторите, па дури и палење. Исто така, не секое ветробранско стакло може да преживее судир со птици, па затоа аеродромите имаат системи што испуштаат специјални звуци, кои ги плашат и бркаат птиците.

Страшна е и средбата со град, но лесно е да се детектира градот и да се лета околу реонот со агресивни временски услови.

dali-obichna-lichnost-moze-da-prizemji-avion-odgovoreni-najchestite-prashanja-na-patnicite-vo-avionite-10.jpg

Дали обична личност може да приземји авион?

Ако станува збор за модерен авион, постои шанса.

Неодамнешните искуства на симулаторот покажаа дека некои стјуардеси може совршено да се справат со оваа задача.

dali-obichna-lichnost-moze-da-prizemji-avion-odgovoreni-najchestite-prashanja-na-patnicite-vo-avionite-11.jpg

Зошто патниците не добиваат падобрани?

Ќе ви звучи чудно, но падобранот тешко дека ќе ви го спаси животот ако авионот почне да откажува. Повеќето луѓе, дури и оние смирените во случај на панична ситуација, тешко дека ќе може да скокнат на страна од авионот и да не настрадаат.

Авионот мора да лета бавно на висина не поголема од пет километри над земјата.

dali-obichna-lichnost-moze-da-prizemji-avion-odgovoreni-najchestite-prashanja-na-patnicite-vo-avionite-12.jpg

Колкава е веројатноста да се судрат два авиона на небото?

Најголемата незгода со авиони се случила не на небото, туку на земјата во 1977 година, кога два авиона се судриле и настрадале 583 луѓе. Авионските судири на небото ретко се случуваат.

Според статистиките незгодите најчесто се случуваат 3 минути по полетувањето и 8 минути по слетувањето. Дури и при авионска незгода, 95.7 проценти од патниците преживуваат.

dali-obichna-lichnost-moze-da-prizemji-avion-odgovoreni-najchestite-prashanja-na-patnicite-vo-avionite-13.jpg

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijac... Во 1970-тите, двајца мажи киднапирале патнички авион и се заканувале дека ќе пос...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg