Дали обична личност може да слета авион? Одговорени најчестите прашања на патниците во авионите
Колку време може да издржи маската за кислород и дали пилотите спијат зад кормилото се дел од најчесто поставуваните прашања.
Полесно е да се верува во магија, отколку да се сфати како пилотот успева таа огромна железна „птица“ да ја крене во небото.
Најинтересните прашања од патниците за авионите и летањето одговорени:
Како да дојдете до пилотите ако нивната врата е заклучена од внатре?
Постои специјален код, кој стјуардесата може да го внесе ако сака да влезе во нивната кабина во случај на незгода. Ова е неопходно ако двајцата пилоти ја загубат свеста.
По внесувањето на кодот вратата ќе се отвори за една минута, но само ако пилотите не преземат некаква акција. Ако пилотот преку камерата види дека не станува збор за член од екипажот, тој може да ја блокира вратата за натрапникот да не може да влезе внатре.
Дали пилотите смеат да носат мустаќи или пирс на лицето?
Брадата, мустаќите, пирсовите и другите „украси“ на лицето може да спречат пилотот ефикасно да ја користи маската за кислород, која треба совршено да легне на неговото лице.
За да не ги загрози животите на патниците тој мора да има чисто лице. Понекогаш им е дозволено да носат брада од два, три дена.
За колку време се доволни маските за кислород?
Нивото на кислород и притисокот во авионот се одржува на соодветно ниво. Но, ако се случи некој проблем на голема надморска височина лицето развива хипоксија односно губи свест и без маска за кислород може да умре.
Маските за кислород за патниците се дизајнирани да издржат 10-15 минути. Ова време е доволно за пилотот да го спушти авионот на висина каде е можно да се дише нормално.
Пилотот има посебна маска за кислород, дизајнирана да издржи подолго време и пред секој лет ја проверува нејзината функционалност.
Дали пилотите спијат зад кормилото?
Дури на 56% од пилотите им се случило случајно да заспијат за време на лет. За среќа, модерните авиони речиси најчесто летаат со автопилот, но и контролорите на летање постојано се во контакт со пилотите и ги држат концентрирани.
На долги летови двајца од тројцата пилоти може да работат едновремено, па се менуваат и прават паузи за одмор и спијат во специјална кабина.
Зошто понекогаш авионите вртат втор круг пред слетувањето?
Ова се случува често и авионите може да свртат втор круг поради низа причини, како некое животно или предмет на пистата за слетување, силен ветер или привремено затворен аеродром поради итно слетување на некој друг авион.
Патниците се загрижени во вакви ситуации, но нема потреба, затоа што сè е под контрола.
Кое државјанство ќе го добие детето родено во авион?
Постојат повеќе опции и одлуката ја носи авионската компанија, во зависност од законската регулатива. Некои авиокомпании даваат и подароци на децата родени во авион, како на пример летање бесплатно до крајот на животот со нивната авиокомпанија.
Детето родено во авион може да земе државјанство од: земјата каде авиокомпанијата е регистрирана, од земјата каде е родено, од земјата каде авионот слетал итн.