Бојата на косата влијае на тоа како ве перципира спротивниот пол
Русокоси или црнокоси, кои жени им се слаба точка на мажите? Дали постојат правила?
Истражувачите открија дека бојата на вашата коса влијае на начинот на кој ве перципира спротивниот пол и вашата атрактивност во нивните очи.
Психолозите од Универзитетот во Минесота тестирале како влијае бојата на косата на жените кај мажите.
Во истражувањето учествувале 110 мажи на кои им биле прикажувани фотографии од жени на кои компјутерски била менувана нивната коса во руса, кафена и црна.
Резултатите покажале дека мажите најчесто ги привлекуваат жени со посветла коса и нив ги перципираат како помлади и поатрактивни од оние со потемна коса.
Исто така, жените со светла или кафена коса ги гледале како посоодветни за нивни романтични партнерки, отколку жените со црна коса.
Темата дали мажите сакаат жени со русокоси или црнки е предмет на дебата со децении. Што мислите вие?
С. С. | Црнобело