Што кажува формата на вашиот папок за вас?

Голем, длабок папок имаат дарежливите личности, испакнат имаат силните, а овален чувствителните.

shto-kazuva-formata-na-vashiot-papok-za-vas-01.jpg

Можеби ќе ви звучи чудно, но формата на вашиот папок кажува многу за вашата личност.

Папокот е дел од телото на кој често не му обрнуваме доволно внимание, но проверете што кажува тој за вас:

Кружен папок

Кружниот длабок папок посочува на оптимистична личност. Вие никогаш не се плашите од темните облаци и секогаш пронаоѓате каде ѕирка сонцето. Вие сте тип на личност која и кога ќе биде повредена, продолжува насмеана, затоа што сте научиле некоја лекција од тоа искуство.

Вие знаете да ги изразите добро вашите мисли и да комуницирате одлично со околината, па затоа вашите врски се здрави и стабилни.

Плус, оптимизмот е заразен, па кој не би сакал да минува време со личност која тврди дека секогаш постои надеж. Можеби немате среќа во изобилство, но тоа го компензирате со вашата оптимистична природа.

shto-kazuva-formata-na-vashiot-papok-za-vas-02.jpg

Голем папок

Големиот и длабок папок е знак за дарежлива личност. Вашата широкоградост не знае за граници. Вие сте тип на личност која и кога пати, не би дозволила тоа негативно да влијае на другите.

Одлични сте во раководење со луѓето и како ќе стареете, ќе станувате сè помудри поради искуствата што ќе ги доживеете во животот.

Единствениот проблем што ќе го имате е што ќе почнете да се двоумите дали вреди да се биде несебичен во овој себичен свет. Но, кога ќе го надминете тоа ќе сфатите дека единствената личност која треба да бидете е таа што сте.

shto-kazuva-formata-na-vashiot-papok-za-vas-03.jpg

Плиток папок

Плиткиот и мал папок посочува на луѓе со темна нота во личноста. Вие добро знаете да чувате тајни и умеете да ја разберете темната страна на луѓето. Сте проживеале многу и тоа ви создало некоја недоверба кон луѓето во животот, освен кон најблиските.

Вие сте мистериозни околу работите што сте ги виделе и луѓето со кои сте имале врски и не им верувате на оние што не ги познавате доволно, но да се биде скептичен во овој свет и не е некоја лоша карактеристика.

shto-kazuva-formata-na-vashiot-papok-za-vas-04.jpg

Испакнат папок

Испакнатиот папок посочува на силна личност. Вие изгледате тврдоглаво, но вистината е дека цврсто верувате во своите ставови, кои ги имате оформено по низа сериозни анализи.

Сакате да бидете во фокусот на вниманието, иако можеби не го признавате тоа, бидејќи ја знаете својата вистинска вредност и сметате дека заслужувате внимание поради тоа што сте.

Љубовта е проблем за вас и ќе ви биде потребно подолго време пред да најдете некој што навистина ќе му одговара на вашиот капацитет, но откако ќе го најдете, тоа ќе трае засекогаш.

shto-kazuva-formata-na-vashiot-papok-za-vas-05.jpg

Широк папок во горниот дел

Големиот, длабок и широк папок во горниот дел е идеалната форма на папок и посочува на здрав ум. Вие сте ведри, енергични и активни. Концентрирани сте на емоциите и мотивирани од нив.

Вашиот ентузијазам е заразен и во срцето носите тајна цел, која сакате да ја исполните во животот. Сè што правите ќе ве доближува кон таа цел и, иако ќе треба подолго време, ќе успеете да ја остварите.

shto-kazuva-formata-na-vashiot-papok-za-vas-06.jpg

Уште 4 форми на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg