Што кажува формата на вашиот папок за вас?
Широк папок во долниот дел
Спротивно од широкиот нагоре, широкиот надолу папок посочува на личност со ниско ниво на енергија. Но, тоа е само физички. Вие не сакате многу рачна работа, но затоа сте одлични со интелектуалните игри.
Луѓето можеби ве нарекуваат мрзеливи, но тие дефинитивно ја ценат вашата интелигенција.
Мрзеливите луѓе наоѓаат како да ја направат истата работа на полесен начин и тоа е талент. Затоа уживајте, опуштете се и продолжете така.
Овален папок
Папокот со овална форма посочува на хиперактивна и многу чувствителна личност. Вие сте немирни и постојано сакате да правите нешто. Работите бргу ви здосадуваат и постојано сте во потрага по нешто ново.
Од друга страна, многу сте чувствителни. Работите ги доживувате длабоко и лесно може да ве повредат, но никогаш нема да го откриете тоа и ќе страдате во тишина
. Ова е нешто на кое треба да поработите, но љубопитноста секогаш ќе ве извлече од темната ноќ.
Широк папок
Широкиот папок посочува на личност која секогаш има поставено заштита. Вие не верувате никому лесно, но од друга страна луѓето кои ќе ги пуштите во својот живот значи дека за вас претставуваат целиот свет.
Ќе ги штитите огнено и ќе им дадете сè што им е потребно. Лојалноста и довербата се ваши главни карактеристики и заедно со одлучноста ве водат низ животот.
Вашето однесување зависи од тоа каков третман добивате од другите. Давате колку што ви даваат и овој принцип на живеење одлично функционира за вас.
Папок со превртена „Y“ форма
Превртената „Y“ форма на папок е ретка, но посочува на луѓе кои остануваат зад сцената и ја работат целата работа. Вие не барате слава и сјај затоа што сте и повеќе од свесни за својата сила.
Останувате одзади, ја работите својата работа и вашиот успех го задржувате за себеси. Успехот го сметате за нешто лично, а исто така и среќата, која ја имате во изболиство.
Вие сте тип на личност која можеби никој не ја знае, но која влијае на животите на многу луѓе со својот прекрасен карактер и можеби токму тоа е она што е најважно.
С. С. | Црнобело