Од Сирија до Бутан: Како изгледаат униформите на учениците низ светот? (фото)
Виетнам
Помладите и постарите деца во Виетнам имаат речиси иста униформа, но постарите имаат право понекогаш да го носат снежно белиот национален костим.
Сирија
Училишната униформа во Сирија уште пред воениот конфликт беше обоена во сино, како симбол на желбата за мир на Средниот Исток, што е сега малку тажно со оглед на лошата ситуација во која се наоѓа Сирија.
Бутан
Во Бутан се носи традиционалниот национален костим како училишна униформа. Изгледа како наметка.
Јужна Кореја
Децата во Јужна Кореја учат од утро до доцна навечер. Униформата им е задолжителна и строго регулирана од администрацијата на училиштата, но таа популарна, па во ваков стил можеме да ги видиме облечени дури и познатите личности.
Шри Ланка
Униформите во Шри Ланка се во бела боја. Девојчињата може да имаат само вратоврски или ремени во друга боја. За момчињата ситуацијата е иста само што тие понекогаш можат да ги заменат белите шорцеви со сини.
Русија
Во Русија училиштата униформа е задолжителна само во некои училишта додека во другите доволно е да изгледате деловно и да носите само нешто светло горе и нешто темно долу.
С. С. | Црнобело