Најчудните религиозни реликвии во светот
Светилиштето на мудреците
Посмртните останки на тројцата мудреци пристигнале во Келн во 1164 година, откако биле собрани во Ерусалим од страна на Св. Елена и откако веќе неколку години престојувале во Константинопол и Милано.
Светилиштето е всушност многу комплексно изработен златно декориран троен саркофаг којшто се наоѓа во катедралата во Келн. Ова е најголемата реликвија во западниот свет. Посмртните останки се станати толку битен дел од идентитетот на Келн што дури и на грбот на градот се наоѓаат три круни.
Раката на Св. Тереза од Авила
Св. Тереза имала изненадувачки важна улога во шпанската граѓанска војна и појавата на диктаторството на Франко. Католицизмот играл важна улога во режимот на Франко, а Св. Тереза била користена како пропагандна алатка во спроведување на неговата идеологија.
Во Февруари 1937, идниот диктатор Франко ја земал раката на Св. Тереза откако таа претходно била украдена од манастир во Ронда. Тој толку бил приврзан со мумифицираната рака што дури и спиел со неа под перницата. Неговата опсесија одела толку далеку што дури и кога умирал во 1975 ја држел мумифицираната рака.
Раката на Марија Магдалена
Во 1191 година, Св. Хју ја посетил опатијата Фекамп. Кога таму му била покажана раката на Марија Магдалена, тој се обидел да земе парче од неа. Кога увидел дека е тешко да се откине парче од раката, на ужас на присутните монаси, тој ѝ одгризал два прста.
Потоа својот потег го оправдал со следните зборови: „Ако пред малку можеше да го допирам телото господово со моите прсти и покрај тоа што не сум заслужен, а потоа и го вкусив со моите усни и заби, зошто да не можам на ист начин да се однесувам и кон коските на светците и без знаци на простотилак да можам да ги земам кога што сакам“.
Главата на Св. Катерина од Сиена
Св. Катерина од Сиена имала визија дека Исус ѝ дал венчален прстен изработен од неговата света кожичка од пенисот. Таа умрела од срцев удар на 33 години во Рим. Сепак, луѓето од Сиена сакале да го врата нејзиното тело за да може да ѝ се восхитуваат.
Кога сфатиле дека нема да може да го однесат целото тело, тие ѝ ја отсекле главата и ја ставиле во вреќа. Кога чуварите ги запреле крадците тие само пронашле илјадници ливчиња од роза во вреќата и морале да ги пуштат. Главата е сè уште изложена во Сиена, заедно со отсечениот прст на Св. Катерина.
Светата кожичка од пенис
Најраната појава на кожичката од пенисот на Исус е кога Карло Велики му ја приложил на Папата Лав Втори во 800 година. Интересно е дека голем дел од визиите коишто се однесуваат на кожичката од пенисот се на женски светици, па така Св. Бриџет тврдела дека имала оргазми кога парченца од кожата биле пуштени на нејзиниот јазик од страна на ангел.
Оттогаш, па до дваесеттиот век, останките од светата кожичка од пенисот на Исус станале нешто од коешто црквата се срамела, а последниот податок за неа е дека била украдена во 1983 во Калкута.
(О)Милена | Црнобело