Најчудните религиозни реликвии во светот

Зборот реликвија потекнува од латинскиот зборreliquus што значи „оставено“. Реликвиите отсекогаш играле важна улога во религијата. 

Najcudnite-religiozni-relikvii-vo-svetot-01.jpg

Тие се многу повеќе од само една стара крпа или дел од тело коешто се распаѓа, тие се физичко олицетворение на делата на Бог на земјата. Многу од црквите во средновековието успевале да наплатат убаво од нивните реликвии, па дури и создавале свои, па така постојат повеќе од седум глави на Јован Крстител.

Прочитајте нешто повеќе за 10-те најчудните реликвии во светски рамки. Можеби ќе забележите дека поголемиот дел од нив се христијански, токму затоа што во средниот век црквите забележиле дека од ова може добро да се заработи:

Мандилионот од Едеса

Мандилионот е сличен тип на реликвија како покривката Исус од Торино. Мандилионот е крпа со којашто Исус си го избришал лицето. Легендата вели дека крпата е направена кога Турскиот крал Агбар од Едеса му задал задача на еден уметник да направи портрет на Исус. 

Откако уметникот не успеал да го ја долови светоста на Исус, како помош му била дадена крпата со којашто се избришал самиот Исус. Кога уметникот се вратил со мандилионот во дворот, кралот се излечил од лепра.

Мандилионот од Едеса до денес е една од најважните реликвии во колекцијата на Ватикан и во моментов се наоѓа во приватната капела на Папата.

Najcudnite-religiozni-relikvii-vo-svetot (7).jpg

Млекото на Дева Марија

Светото млеко било многу популарна реликвија во средновековието. Цела црква била изградена надвор од Витлеем на карпа којашто чудесно станала бела откако дошла во контакт со млекото на Дева Марија додека таа го доела Исус. 

Друга легенда вели дека Св. Бернард се молел пред статуа на Богородица кога наеднаш прснало млеко од нејзината града во неговата уста. Многу шишенца со млекото се земени и транспортирани низ цела Европа. 

Францускиот теолог Џон Калвин кажал: „Да беше Дева Марија крава и да го посветеше целиот свој живот на давање млеко, немаше да може да произведе толкава количина“.

Najcudnite-religiozni-relikvii-vo-svetot (1).jpg

Забот на Буда

Откако Буда бил кремиран, неговиот лев кучешки заб бил најден во пепелта од страна на неговиот ученик Кема, којшто пак му го дал забот на Кралот Брамадат за да може да биде изложен за восхитување. Потоа легендите почнале да се шират, а најпозната била дека оној којшто го поседува забот го поседува и божественото право да владее со Браматското кралство. 

Многу војни се воделе само заради забот. Се вели дека забот е заслужен за тоа многу од индиските кралеви да се преобратат во будизам, а и постојат приказни дека забот прави чуда секој пат кога му се заканува уништување.

Сега се наоѓа во неколку златни ковчези во градот Канди и се покажува само за специјални церемонии.

Najcudnite-religiozni-relikvii-vo-svetot (2).jpg

Крвта на Св. Јануариј

Светецот заштитник на банките за донирање крв, Св. Јануариј, бил обезглавен на вулканскиот кратер Солфатара во 305 година. Неговата крв била зачувана од една жена со име Еузебија и однесена била во Неапол. Наводно, коагулираната крв се претвора во течна како да е на тајмер. 

Зачувана во две шишенца, крвта се вади само три пати во годината (од кои еден е 19 септември, денот на светецот) и на тие денови се собираат верници од целиот свет за да видат како крвта станува течна и за да се помолат за заштита на градот.

Крвта не станала течна само во 1527 и во 1980, годините кога имало чума и земјотрес.

Najcudnite-religiozni-relikvii-vo-svetot (5).jpg

Наметката на Мухамед

Основачот на сегашниот Авганистан, Шахот Ахмед, ја пронашол наметката на Мухамед во Бокхара. Тогаш тој ја посакал да ја има реликвијата за себе и ја побарал од тамошните чувари да му ја позајмат. За да се осигури дека ќе ја врати Шахот Ахмед се заколнал дека нема да ја однесе наметката подалеку од големата карпа во близина. 

Сепак, ова се покажало како итра игра од страна на Шахот Ахмед, бидејќи само што ја добил наметката веднаш ја однел во Кандахар и наредил големата карпа да се премести од Бокхара во Кандахар. 

Сега наметката се чува во близина на гробот на Шахот Ахмед, каде што се наоѓа и големата карпа.

Najcudnite-religiozni-relikvii-vo-svetot (9).jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства Овие жени не биле само убијци, тие сееле зло и ширеле страв и ужас каде и да оде...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Најубавите двојни имиња за девојчиња (ако не можете да се одлучите за едно) Ана Марија, Нина Миа… Двојните имиња се уникатни и звучат навистина убаво. Ан...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg